Нова информација од Bloomberg тврди дека Microsoft се обиделе да го продадат својот пребарувач Bing на Apple. Овие преговори наводно стигнале до одреден степен, но сепак не ги поминале првите чекори, односно фазата на размислување дали воопшто да се продолжи понатаму.
Една од главните причини зошто од Apple воопшто не биле заинтересирани за вакво нешто е договорот кој го имаат со Google, нивниот пребарувач да биде главниот кај iPhone и iPad.
На Google овој договор му носи многу, а Apple според информациите за тоа добива 20 милијарди долари годишно, нешто што тешко може да се замени како приход со сопствен пребарувач, барем краткорочно.
Едно време имаше шпекулации дека од Apple работат на сопствен пребарувач, но засега не гледаме ништо до тоа, а повторно милијардите кои ги добиваат се доволни за да ги одложат барем ваквите планови на компанијата.