wp-81-file-manager

Една од најмногу бараните апликации од корисниците на Windows Phone оперативниот систем е посебна апликација преку која што тие ќе може да ги прегледуваат фајловите на нивниот уред. Ова е нешто што корисниците на Android го имаат веќе одамна, но тој оперативен систем е познат по својата отвореност и голем број на можности. Апликации од овој тип веќе постојат од други програмери, меѓутоа официјална апликација од Microsoft се’ уште не е достапна.

Минатата недела Јое Belfiore одржа сесија на Reddit позната како „прашајте ме било што“ на која што одговараше на повеќе прашања од корисниците. Како една од најмногу бараните апликации, корисниците се интересираа и за тоа дали е планирано вклучување на File Manager во најновата верзија од оперативниот систем. Одговорот на Joe беше потврден и ја најави апликацијата за крајот на Maj. Повеќе информации за тоа какви можности ќе има апликацијата не даде, но прикажа неколку слики од кои што може да се видат основните функции, карактеристични за овој тип на апликации. Па така, корисниците ќе може да ги прегледуваат фајловите на нивниот уред, вклучувајќи ги и SD картичките, ќе може да креираат папки, да префрлуваат фајлови и слично. Дали оваа апликација од Microsoft ќе вклучува некои додатни функции кои што не се достапни во другите вакви апликации останува да видиме.

Како што веќе информиравме, Windows Phone 8.1 постепено ќе почне да станува достапен за корисниците од ова лето, а сите кои што сметаат дека знаат што прават може да ја инсталираат preview верзијата за програмерите.

Претходна статијаСликајте се самите со Selfy футролата за вашиот телефон
Следна статијаTresorit cloud сервисот нуди енкрипција на податоците на вашиот уред
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.