Фото: Samsung

Во време кога домот е повеќе од простор за живеење, Bespoke AI Home нуди интелигентни решенија што се прилагодуваат на вашиот ритам, стил и секојдневни навики. Замислете го моментот кога треба да расчистите, а дома сè веќе изгледа подредено. Не затоа што сте одвоиле време, туку затоа што уредот сам ги знае вашите навики.

Така функционира Bespoke AI Jet Ultra – правосмукалка што изгледа како дел од модерниот ентериер, а се движи како да е дел од вашиот ритам. Мат црната силуета, минималистичкиот дизајн и јасните архитектонски линии го прават уред кој стои исто толку убаво кога работи, колку и кога само го гледате во аголот.

А под тој тивок минимализам се крие сериозна сила. HexaJet моторот со 400W чисти темелно, а при тоа едвај се слуша – како да работи со некоја скриена енергија што не ви го нарушува мирот. Батеријата што држи до 100 минути ви дозволува да го поминете целиот дом во едно движење, без паузи, без прекини, без нервоза.

Фото: Samsung

Најубаво од сè е што Bespoke AI Jet Ultra не бара инструкции. Кога ќе преминете од тепих на плочки или од дрво во ходник, таа сама ја менува моќта, како некој да ѝ шепнал што следува. Единствено што останува на вас е да ја држите – остатокот оваа паметна машина го прави сама.

Четките се како мало инженерско ремек-дело:

  • Active Dual Brush која лесно се справува со мешани подови.
  • Slim LED Brush+ што открива прав таму каде што досега само претпоставувавте.
  • Ротацискиот чистач со спреј за подови кои после чистење изгледаат понови.
  • Pet Tool – најдобар пријател на секој сопственик на миленик.
Фото: Samsung

И бидејќи убавиот дом не е само чист, туку и свеж, Jet Ultra има ХЕПА филтрација што задржува микрочестички и го остава воздухот неверојатно лесен – како по дрвоње.

Bespoke Family Hub – кујна што размислува како дел од семејството

Во кујните каде што секогаш нешто се случува – готвење, подготвување ручек, правење кафе, брз разговор пред работа – фрижидерот Bespoke Family Hub внесува ред, инспирација и чувство на организираност што веднаш се забележува.

Големиот 21.5-инчен Full HD екран не е само „паметна површина“. Тој станува место каде што се планираат рецепти, дневни обврски, список за купување и семејни потсетници. И што е најкорисно – со вградените камери можете да ја видите внатрешноста на фрижидерот и кога сте во маркет. Конечно нема повеќе „дали имаме јајца дома?“ моменти.

Фото: Samsung

Системите за ладење се беспрекорни – храната трае подолго свежа, дури и кога фрижидерот често се отвара. А Bespoke дизајнот го прави да изгледа како парче модерна мебел, а не само уште еден апарат.

Bespoke AI Wash – паметна грижа за облека што штеди време и нерви

Малите детали ја прават разликата и во перењето. Особено кога имате време за многу работи, но не и за размислување колку вода или детергент ви треба.

AI Wash технологијата во Bespoke машината за перење алишта го решава тоа за вас. Таа сама го мери материјалот, тежината, нечистотијата и ги прилагодува циклусите прецизно – така што секое перење е оптимално. Ниту премногу. Ниту премалку. Точно како што треба.

Со капацитет од 9 кг и енергетска класа A-55%, оваа машина е создадена за домови што сакаат ефективност, без непотребна потрошувачка. А изгледот е чист Bespoke стил – елегантен, модерен, совршено усогласен со останатите уреди.

Фото: Samsung

SmartThings – кога домот работи како еден систем

Ова е моментот кога целиот дом станува логичен. Со SmartThings, сите Bespoke уреди комуницираат меѓусебно и со вашиот телефон или телевизор.

Можете да следите, вклучувате, исклучувате, планирате – без разлика каде сте. Тоа е она чувство на контролирана удобност што навистина го менува секојдневието.

Bespoke AI – дом што изгледа прекрасно и функционира совршено

Кога дизајнот, интелигенцијата и практичноста се во еден ист концепт – добивате дом што не само што изгледа убаво на прв поглед, туку се чувствува правилно секој ден.

Тоа е Bespoke AI.

Дом кој не ви создава обврски – туку ви го ослободува времето.