microsoft-create-together

Microsoft значително се промени во последниве неколку години, од компанија која воопшто не ги слушаше корисниците, во компанија на која секој нов продукт и е дизајниран врз база на искуствата на корисниците.

Затоа и беше лансирана Windows Insider програмата, со која секој ќе може да ги проба новите бета верзии на продуктите на компанијата, пред тие да излезат за јавноста. Отсега, Windows Insider програмата ќе се прошири и на собирање идеи за хардверски уреди преку Create Together програмата.

Ова може да донесе многу интересни концепти на сцената. Досега веќе видовме неколку различни идеи за тоа како би требал да изгледа Surface Phone и ова може да е одличен начин сите добри новитети да се внесат во самиот производ.

Windows Insider програмата има особено голема тежина, бидејќи за сите предложени новитети од некој корисник, можат да гласаат сите други инсајдери и ако добие доволно гласови, Microsoft ќе го имплементира.

surface-phone-1-100577980-large

Така, доколку се појават навистина добри концепти и Insider заедницата ги изгласа позитивно, би можеле да го видиме и првиот смартфон во светот дизајниран од заедницата. Ваквиот развој на настаните ќе отвори целосно нова страница во развојот на нови уреди, каде главните одлуки ќе ги носат самите корисници.

Кампањата “Create Together” како што Microsoft ја нарекува оваа офанзива кон вклучувањето на заедницата, засега ќе се понуди на неколку избрани Windows Insider членови преку email. Сепак, бидејќи веќе наиде на многу позитивни коментари, може да се очекува дека набрзо ќе биде пуштена за сите корисници, што значи дека ако имате добра идеја за некој нов смартфон или таблет, еве шанса да се покажете.

Исто така, Гејб Аул од Microsoft потврди на Twitter дека е за идејата членови на Windows Insider програмата да добиваат уреди уште тие пред да бидат лансирани, со цел забрзан развој и брзо пеглање на проблемите. Ова звучи навистина интересно, но останува да видиме дали Microsoft ќе успее да го имплементира.

Извор: Windows Central, WinBeta

Претходна статијаGoogle досега има тргнато повеќе од 440.000 линкови врз основа на европското право да бидете заборавени
Следна статијаPanasonic камерите добиваат надградба со која ќе може да се избере фокус после фотографирањето