Доколку се земе во предвид популарноста на оваа социјална мрежа, како и системот за пораки преку неа, ваквата одлука на врховниот суд од Менхетен воопшто не изненадува. Поточно, Ellanora Baidoo и Victor Sena Blood-Dzraku кои што се имаат земено во 2009 година, решаваат да се разведат. Меѓутоа Ellanora не може да стапи во контакт со Victor за да му ги даде документите за развод истите да ги потпише.
Судијата Matthew Cooper решава да дозволи овие документи да бидат испратени преку Facebook, за што ќе се смета дека се уредно доставени до другата страна.
Во објаснувањето на одлуката стои дека веќе одамна електронската комуникација ја има поминато старата која што подразбира пошта и слично, па email комуникацијата се користи најчесто како замена. Во изминатите години социјалните мрежи како Facebook и Twitter имаат толку голема популарност што претставуваат централно место во многу животи на луѓето.
Прашањето кое што се поставува после оваа одлука е дали ваквиот начин на доставување на правни документи може да стане нормален и да се користи во повеќе случаи. Со оглед на масовноста на користење на социјалните мрежи и сличните сервиси на интернет, можеме многу лесно да замислиме како со тек на време ваквиот начин на комуникација ќе се смета за официјален.
Извор: Cnet