facebook

Веќе подолго време сликите кои што корисниците ги избираат за својот профил, односно таканаречните профилни слики, се користат за изразување на одреден став, верување, па дури и настан како роденден и слично. Сигурно секој од нас има видено барем еден ваков пример, кога сликата има некаков додаток на неа кој што означува одреден настан, како на пример движење против полициска бруталност, правата на хомосексуалците и слично.

Порталот TechCrunch има дојдено до информации, подоцна потврдени од страна на Facebook, дека од компанијата тестираат можност за привремено поставување на слика на профилот. Корисниците ќе добијат можност при поставување на сликата да изберат еден вид рок на траење после кој што ќе биде вратена претходната слика. Изборот ќе нуди можност за поставување на сликите на неколку часа, денови, па и недели.

tempprofilepic

Оваа можност ќе биде посебно интересна за корисниците кои што имаат обичај да ги менуваат своите слики за одредени настани, како што истакнавме погоре, па сега нема да мора да паметат да ја тргнат истата и вратат старата или можеби да постават нова.

Исто така, можеби можноста ќе мотивира и други корисници да ја менуваат својата слика со цел изразување на одреден став или настан, а сигурно ќе биде добро за нивните пријатели кои што нема да мора да ги гледаат сликите со виножито, на пример, месеци по завршување на трендот.

Сега за сега Facebook ја тестира оваа можност на ограничен број на корисници, а планираат истата да ја пуштат за сите корисници во месеците што следат.

Извор: TechCrunch, The Verge

Претходна статијаНајновите Lumia модели ќе бидат преставени на 10-ти октомври
Следна статијаHonda се приклучува на производителите кои што ќе тестираат самоуправувачки автомобили во Калифорнија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.