kickstarter-billion

Kickstarter денеска објави дека поддржувачите на проектите достапни на оваа платформа за јавно собирање на средства, имаат вкупно вложено 1 милијарда долари, а се разбира бројката продолжува да се зголемува. За да го означи овој момент претставена е посебна веб страна на која што може да се погледнат повеќе интересни статистики поврзани со оваа страна и нејзините проекти.

Доколку можеби некој од вас не е запознаен, Kickstarter е веб платформа на која што секој со идеа за некаков производ, истиот го претставува и собира парични средства преку корисниците од целиот свет кои што сметаат дека идејата вреди да се поддржи. Поддржувачите имаат можност од симболично придонесување со помалку средства до поголем број на средства со кои што и го нарачуваат конкретниот производ.

kickstarter-billion2

Бројката од 1 милијарда долари е постигната денес и истата е направена од страна на 5,7 милиони луѓе од 224 земји од целиот свет. Повеќе од половина од овие средства се собрани во последните 12 месеци, додека платформата постои веќе 5 години.

kickstarter-countries

Според достапните статистики, најголемите поддржувачи доаѓаат од САД, од каде што се вложени повеќе од 600 милиони долари. Потоа следат Велика Британија со 54 милиони, Канада, Австралија, Германија, Франција, Јапонија, Шведска, Холандија и Сингапур. Од Македонија доаѓаат 115 поддржувачи кои што заедно имаат вложено повеќе од 10.000 долари.

Претходна статијаApple го претстави CarPlay, систем за поврзување на iPhone со вашиот автомобил
Следна статијаKarbonn Mobiles ќе претстави мобилни кои работат на Android и Windows Phone
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.