Фото: Cursor

VS Code останува најмногу користената апликација за пишување код, но во времето на развојот на вештачката интелигенција гледаме уште неколку кои успеаја да се пробијат на пазарот. 

Cursor, апликација која е направена на основа на VS Code, доби доста популарност изминатиот период, а како главна карактеристика ја има интеграцијата на вештачката интелигенција и агентите кои помагаат при пишување код, проверка и слично. 

Cursor ја доби својата втора верзија, па Cursor 2.0 може да се каже дека уште повеќе ја интегрира вештачката интелигенција, а посебно ВИ агентите. 

Главната новина кај Cursor 2.0 е можноста за давање иста задача на повеќе агенти во исто време. Секој агент во овој случај функционира со сопствена копија од кодот, а според компанијата на овој начин се доаѓа до доста подобри резултати. 

Втората главна новина кај Cursor 2.0 е Composer, јазичен модел за пишување код развиен од страна на компанијата, а според нив тој функционира 4 пати побрзо од сличните вакви модели. 

Функцијата Browser, која беше достапна како бета во претходната верзија од Cursor, сега станува достапна за сите. Истата овозможува „сурфање“ од страна на ВИ агентите во име на корисникот со цел тестирање на апликацијата која се програмира, конвертирање дизајни во код и повеќе. 

Целосната листа на новини кај Cursor 2.0 е достапна тука