Ако си амбициозен студент кој сака да открие како се создаваат апликации што корисниците едноставно ги сакаат? Сакаш да го поминеш летото учејќи од најдобрите, додека истовремено стекнуваш нови пријателства и незаборавни спомени? Ако твојот одговор е „да“, тогаш што чекаш? Пријави се веднаш.
БЕСТ Скопје (Борд на Европски Студенти по Технологија) е проактивна, неполитичка и непрофитна организација водена од студенти, која веќе 24 години работи на подобрување на студентското искуство и промовирање на студентската визија. Зад нашето името стојат други успешни и познати настани: Саемот за Вработување и Кариера, Хакатон, Симпозиум за Едукација и многу други. Како интернационална организација сме една од 85те активни членки и настаните кои ние ги организираме ги презентирааме на конференции ширум цела Европа.
ЛАК (Летен Академски Курс) е настан кој нуди цврсти теоретски практични знаења во областа на UI/UX дизајнот и креирањето на дигитални производи. Зад академскиот дел од курсот стојат професорите од ФИНКИ, кои преку интерактивни предавања и работилници ќе ти го пренесат нивното знаење.

Но, она што го прави овој настан навистина интересен и возбудлив е интернационалниот дух и културната размена. Твојата работа на реални проекти ќе ја споделиш со амбициозни студенти од цела Европа, со кои заедно ќе ги истражувате тајните на корисничката психологија и дизајн процесите кои водат до беспрекорни дигитални решенија. На крајот од курсот ќе се оди до Струга каде што студентите ќе имаат можност да видат и искусат нов дел од државата.
Пријави се на овој линк и те очекуваме од 06.07.2026 до 10.07.2026 во просториите на ФИНКИ.
Рокот за пријавување е до 20.06.2026.
За повеќе информации заследи нè на социјалните мрежи:
- Facebook: BEST Skopje
- Instagram: @bestskopje
- LinkedIn: https://mk.linkedin.com/company/best-skopje







































