Фото: Apple

После две години од кога првично требаше да им биде достапна, Apple конечно оваа недела ја донесe новата и понапредна верзија од Siri, сега наречена Siri AI, иако сѐ уште со бета ознака. 

Со пуштањето на официјалните финални верзии од iOS 27 и другите системи од компанијата, официјално и дојде Siri AI за повеќето корисници на Apple, со исклучок на тие од ЕУ. 

Сепак, Siri AI не е автоматски вклучена, па корисниците ќе мора истото сами да го направат, а и после вклучувањето, најчесто има одреден период на чекање, кој се движи од неколку часа, па се до неколку недели. 

Вклучувањето на Siri AI се прави преку Settings > Siri, каде што е достапно копчето „Try Siri AI (Beta)“. Кога ќе биде вклучена оваа нова верзија, секако ќе биде пуштено известување. 

По вклучувањето на Siri AI исто така може да се очекува информација за оптимизација на податоците, нешто што е поврзано со новата верзија и со функционирањето на системот за пребарување низ датотеките. 

Siri AI сега е достапна и како посебна апликација, а можно е и подобро прилагодување на гласот со повеќе акценти и слично, како и брзина на говор и степенот на информативност.

Една клучна работа е потребно да се земе во предвид за вклучување на Siri AI, а тоа е дека јазикот на системот и на Siri мора да се истите, како и мора да се поставени на поддржан јазик за Siri AI. Во моментов тоа е English US, а којзнае дали некогаш ќе биде поддржан и македонскиот јазик. 

Една работа која ја забележав е дека иако мора да се избере англиски јазик и тоа е јазикот којшто Siri AI го „разбира“ при гласовните разговори, кога се пишува, може да се пишува и да се добие одговор на македонски, без разлика кој јазик е наместен.  

Претходна статијаSony ги претстави новите PlayStation Pulse и Pulse Edge безжични слушалки за PlayStation 5
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.