Фото: Стартап Клуб Скопје

Зад кампањата стои Startup Club Skopje, а таа е дел од промоцијата на Startup Revolution AI Summit 2026, еден од најголемите настани за стартапи, технологија и претприемништво во регионот, кој ќе се одржи од 1 до 4 октомври во Скопје.

Со намерно погрешно напишаното „СКОПИЈЕ“, кампањата имаше цел да привлече внимание, но и да испрати порака поврзана со една од главните теми на самитот.

Вештачката интелигенција го менува нашето секојдневие и начинот на кој работат компаниите, но човечкиот фактор сè уште останува во центарот на новите промени. AI може да автоматизира процеси и да создава содржини, но човекот е тој што проверува, проценува и носи одлуки.

А еднорозите?

Тие се директна асоцијација на unicorn компаниите, стартапи со вредност поголема од една милијарда долари. Токму 10+ говорници и претставници од вакви компании се очекуваат во Скопје како дел од Startup Revolution AI Summit.

Од 1 до 4 октомври, Скопје ќе биде домаќин на повеќе од 2.000 учесници од над 50 држави, 400+ стартапи, 200+ инвеститори и над 100 говорници, со претставници од глобални технолошки компании, инвестициски фондови и меѓународниот startup екосистем.

Фото: Стартап Клуб Скопје

Посебен дел од програмата е и Startup World Cup, преку кој победничкиот стартап од Скопје ќе добие можност да се натпреварува на глобалното финале во Сан Франциско за инвестициска награда од 1 милион американски долари.

Целта на Startup Club Skopje е глобалните компании, инвеститори и основачи да дојдат во Скопје, да го запознаат потенцијалот на локалниот и регионалниот екосистем и да се создадат нови можности за инвестиции, партнерства и глобален раст.

„СКОПИЈЕ“ било намерно. Скопје е правилно. А зад еднорозите стои една поголема амбиција, денес да ги донесеме глобалните компании во Скопје, а утре светот да доаѓа тука за компаниите создадени во нашиот регион.

Startup Revolution AI Summit 2026 | 1–4 октомври | Скопје.