Фото: Apple

Претставувањето на нова верзија од Mac Pro, познатиот десктоп компјутер од Apple за напредните корисници, нешто подоцна од претставувањето на чиповите од компанијата, може да се каже дека беше првиот знак дека нешто се случува. 

Дефинитивно стана јасно дека овој компјутер веќе не е баш приоритет на компанијата сега кога последната верзија беше претставена во 2023 година, заедно со претставувањето на M2 Ultra чипот и новата верзија од Mac Studio. 

Уште тогаш напредните корисници имаа критики дека главната предност на овој компјутер, можноста за надградба со различен хардвер, не е баш како порано кога се користеа чиповите од Intel.

Фото: Apple

Полека почна да станува јасно дека новиот главен десктоп компјутер од Apple за напредните корисници е Mac Studio, а сега истото го потврдува и Марк Гурман. 

Според него, развојот на Mac Pro не е баш приоритет во Apple, па можно е и веќе да не биде претставена нова верзија. M4 Ultra верзија од чипот нема да има, па наредната верзија која би се очекувала во компјутер како Mac Pro ќе биде M5 Ultra наредната година. 

Фото: Apple

Сепак, овој чип ќе биде вграден само во нова верзија од Mac Studio, компјутерот кој корисниците можат да очекуваат дека ќе биде редовно надградуван. 

Што се однесува до дизајнерите, програмерите, а посебно тие кои работат со видео содржина, изгледа ќе мораат да купуваат надворешни додатоци кои ќе ги поврзат со Mac Studio, па времето на надградба на компјутер како Mac Pro е завршено. 

Во основа, единствената разлика помеѓу Mac Pro и Mac Studio беше токму оваа можност, а корисниците ги добиваат истите перформанси кај двата компјутери.