1378266226012032916.0

Астронаутите кои летаат на Меѓународната вселенска станица (МВС), како и сите други кои се на подолги мисии имаат еден тековен проблем – мора редовно да им бидат доставувани пратки со храна, вода и други потребни ресурси за живот. Иако вселенските бродови во кои се наоѓаат имаат прилично ефикасни системи за рециклирање на воздухот, водата и другите материи кои се трошат, сепак, многу од тоа се фрла како ѓубре/измет и не може да се врати назад.

Одговорот е активност кон самодоволност на самите вселенски бродови или барем намалување на зависноста од пратките од Земјата. Ова особено ќе биде важно кога ќе се лансира првата мисија до Марс, кога доставување на нови залихи ќе биде претешко, а можеби и невозможно. Затоа астронаутите создадоа микросистем за растење на зеленчук на МВС кој за прв пат ќе го пробаат овие денови. Се работи за марула која е порасната таму, и од која беше испратен примерок за испитување до Земјата, за да се испита нејзиниот состав и здравост.

Очигледно дека резултатите се позитивни поради тоа што денес и вчера астронаутите веќе треба да го имаат зачинето својот стандарден ручек од туба со вселенска марула. Истото може да го видите на видеото кое го закачивме горе. Како што напоменавме, самодоволноста на вселенските мисии ќе биде од особена важност во иднината бидејќи може да ги намали трошоците за мисии за резалихи за огромен процент, и да ја направи човечката мисија до Марс изведлива.

Извор: The Verge, CNet

Претходна статијаMicrosoft го претстави Windows 10 за “Internet of Things”
Следна статијаОткриен начин како немагнетните метали да се направат магнети