Од мај оваа година дознавме дека Microsoft конечно ќе овозможи тргање на нивните „виџети“ со вести кои го зафаќаат најголемиот дел од „widgets“ лентата во Windows 11.
На почеток до некаде издвоени, подоцна овие виџети станаа уште понаметливи, во типичен стил од компанијата која мисли дека може да ги натера корисниците да користат нешто што не сакаат.
Оваа лента требаше уште од почетокот да биде направена со избор за се што ќе биде достапно, а со тоа требаше уште од почетокот да има многу повеќе други корисни виџети, па истата да не беше сведена на лента за новости во главно.
Во најновата бета верзија од Windows 11, поточно верзијата 22635.2841, Microsoft конечно се ближи до денот кога оваа можност ќе им биде пуштена на сите корисници.

Додадена е едноставна можност во прилагодувањата со која корисниците ќе можат да изберат дали сакаат да им бидат прикажани или не виџетите со вести. Нивното тргање ќе ја поедностави лентата и ќе ја направи многу повеќе корисна, а корисниците ќе можат да ги постават само тие кои им се потребни и со тоа ќе станат и полесно видливи.
Не е точно познато кога може да се очекува оваа новина да биде пуштена за сите корисници, но штом истата е стигната до бета каналот од Windows Insider програмата, изгледа може да се очекува во наредните неколку месеци.