Фото: Shutterstock.com

Стандардната месечна надградба на Windows 11 која обично доаѓа во вторник, позната како „Patch Tuesday“, покрај стандардни безбедносни закрпи и исправки на грешки, ќе донесе и неколку нови функции. 

Дечките од Windows Central, кои специјално го следат светот на Microsoft, истакнуваат осум новини кои може да ги очекуваме идниот вторник, иако како и секогаш, од компанијата новините ги пуштаат постепено, па нема сите компјутери веднаш да ги добијат. 

Поддршка за повеќе уреди добива една од покорисните функции, која е слична со Handoff од macOS, односно во Windows 11 наречена едноставно „resume“. Оваа функција на корисниците им овозможува да ги продолжат започнатите активности од нивниот Android смартфон, на нивниот компјутер, но засега има доста мала поддршка на апликации. 

Корисниците во основа можат да ја продолжат работата од Office апликациите, како и од Spotofy, а тука е и можноста да се продолжи со „сурфање“ од стандардните прелистувачи на различните производители. 

Windows 11 идната недела добива и поддршка за MIDI 2.0 верзијата, дел во Settings каде ќе се прикажуваат поконкретно карактеристиките на компјутерот, а тука се и подобрувања кај Windows Hello функцијата со поддршка за повеќе уреди од трети страни. 

Smart App Control функцијата од Windows Defender, односно Windows Security по ново, конечно ќе може да се вклучува и исклучува, а истата досега беше ограничена на вклучување или исклучување еднаш веднаш по нова инсталација на Windows. 

File Explorer, една од најважните функции на Windows, добива доста критики изминатиот период, а меѓу другото, за брзината на работа на истата. Со надградбата идната недела апликацијата треба да добие одредени подобрувања, а ќе видиме дали тие ќе бидат доволни за да веќе перформансите не бидат проблем. 

Надградбата идната недела донесува и подобрувања и промени кај гласовните функции од системот.