Фото: Samsung

Скопје, 21 јули 2026 година –  Корисниците на паметни телефони бараат повеќе од своите уреди од кога било досега, а ново истражување покажува дека речиси седум од десет (69%) Европејци ја посакуваат флексибилноста на тенок секојдневен телефон што се отвора во поголем екран.

Без разлика дали станува збор за извршување повеќе задачи во исто време на различни апликации, бележење во некој документ или уредување видео, денешниот корисник на паметен телефон сè повеќе ги поместува границите на помалите екрани. Големо мнозинство (85%) од европските корисници анкетирани во Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија и Шпанија велат дека започнале некоја задача на својот телефон, но ја оставиле незавршена за да ја довршат подоцна на уред со поголем екран.

Речиси една третина конкретно го наведуваат ограничениот простор на екранот како фрустрација при извршување на сложени задачи (29%), додека еден од четворица корисници е фрустриран од постојаното префрлање помеѓу апликации или табови (25%).

Овие фрустрации се основната причина за оставање на многу задачи недовршени, при што најчести се онлајн купувањето или споредувањето на купувањата (26%), читањето или прегледувањето важни документи (26%) и уредувањето фотографии или видеа (21%).

Повеќе простор за миговите кои значат

Кога некоја задача вклучува важни детали или одлуки, луѓето често сакаат повеќе простор за да го прегледаат она што е пред нив. Анкетираните известуваат дека одложуваат, проверуваат двапати или преместуваат задачи бидејќи се загрижени дека ќе пропуштат некој детаљ или ќе направат грешка.

Ова најчесто се случува при пополнување формулар (26%), прегледување сметка, договор или официјален документ (21%) и при извршување уплата или префрлање пари (19%).

Корисниците сè почесто ја гледаат еволуцијата на уредите на преклоп како практично решение за овие потреби, а најчесто споменуваните придобивки се:

  • Споредување информации една до друга (31%)
  • Завршување задачи без префрлање од уред на уред (30%)
  • Гледање, читање или играње на поголем екран (29%)

Каде корисниците ја губат нишката?

Уредот што го користат луѓето е важен. Паметните телефони сега го преземаат одлучувањето за многу повеќе секојдневни работи. Овозможено од поголемата процесорска моќ, тие ефективно станаа џебни командни центри кои извршуваат повеќе сложени задачи одеднаш:

  • Речиси половина од испитаниците го користат својот телефон за управување со пари, сметки, банкарство, осигурување или формулари (48%),
  • Повеќе од четворица од десет лица гледаат, играат или читаат содржина додека праќаат пораки или пребаруваат (42%)
  • Повеќе од една третина прелистуваат повеќе веб-страници или содржини на социјалните мрежи истовремено (38%).

Резултат на седум генерации развој

Како што потрошувачите сè повеќе бараат уреди кои ја комбинираат преносливоста со поголем простор на екранот, уредите на преклоп се префрлија од високо специјализирана, „niche“ иновација, во практично решение за секојдневна продуктивност и забава.

„Самсунг“ (Samsung) за првпат ја воведе категоријата на преклопливи уреди пред седум години. Оттогаш, компанијата продолжи да учи од начинот на кој милиони луѓе превртуваат, преклопуваат, отвораат, гледаат, работат и создаваат, усовршувајќи го искуството од генерација на генерација.

Тоа разбирање обликува нова генерација уреди дизајнирани да ги направат уредите на преклоп покорисни, поинтуитивни и поприродни во секојдневниот живот.

Бенџамин Браун (Benjamin Braun), главен маркетинг директор на „Samsung“ во Европа, изјави: „Секој има различен однос со технологијата, но луѓето сè повеќе очекуваат нивните телефони да го поддржуваат начинот на кој живеат, работат и создаваат. Затоа формата сè повеќе е важна заедно со спецификациите. Уредот треба беспрекорно да се вклопи во начинот на кој луѓето го користат секој ден, наместо да бара од нив да се прилагодат на уредот. Ова истражување го потврдува она што седум генерации на технологија на преклоп и дијалогот со клиентите нè научија. Луѓето ја ценат нормалната големина на телефонот за секојдневниот живот, но и повеќе простор кога работата го бара тоа.”

Наодите доаѓаат во пресрет на „Galaxy Unpacked“ настанот во Лондон на 22 јули, каде што „Samsung“ ќе го претстави следното поглавје од иновацијата со преклопување. За повеќе информации за претстојниот „Galaxy Unpacked“ настан, посетете ја страницата: samsung.com/unpacked.