Фото: Shutterstock.com

Во неговиот стандарден стил, кратко и во име на компанијата, Маск преку објава на X најави дека почнувајќи од утре ќе биде забрането користењето на „хаштагови“ во рекламите на мрежата. 

Овие ознаки може да се каже дека беа „измислени“ од Twitter, односно станаа масовно користени, а според Маск тие не изгледаат добро и се „естетски кошмар“ кај рекламите. 

Користењето на ознаките останува како и досега на другите објави, а нивната забрана е само за рекламите.