Google започна со пуштање на значајна надградба за AI Mode пребарувањето во својот интернет прелистувач Chrome. Иако самиот режим базиран на вештачка интелигенција е веќе достапен за корисниците, најновите промени се фокусираат на подобрување на корисничкиот интерфејс и намалување на потребата од постојано менување помеѓу различни „табови“ при пребарувањето информации на интернет.
Главниот новитет на десктоп верзијата е паралелниот приказ на содржината. Сега, кога корисникот ќе кликне на линк во рамките на AI Mode, веб страницата се отвора во страничен панел, веднаш до самото пребарување. Ова значи дека корисниците можат да го читаат текстот на страната и истовремено да поставуваат дополнителни прашања до вештачката интелигенција поврзани со таа содржина, без да го напуштат примарниот екран.
Ваквиот пристап го поедноставува процесот на истражување при купување производи, читање долги статии или анализирање податоци.
Google дава одличен пример за како ќе им користи оваа нова функција на корисниците, со истражување при купување на нов кафемат. Притискањето на достапните линкови, кои и досега беа достапни, сега се отвораат до разговорот, со што нема потреба да се оди на друг „таб“ и потенцијално да се изгуби текот на истражувањето.











































