Веќе извесно време развивачите на технологијата се обидуваат да го спроведат во реалност концептот на носењето на сензори интегрирани во делови од облеката кои на извесен начин би му помагале на човекот. Во таа насока, компанијата за производство на обувки од Јута, Altra, сосема неочекувано се најде на челната позиција во трката за остварување на оваа идеја.
Меѓутоа, целта на Altra Torin IQ моделот не е едноставно интегрирање на технологија, туку решавање на еден од главните проблеми кај оние кои практикуваат ваков начин на спортување. Покрај тоа што трчањето е одлично за целото тело од спортски аспект, постојат извесни нус појави кои всушнст истото го претвораат во бавно уништување на телото.
Голем број луѓе кој се занимаваат со рекреативно трчање, а по извесен период практикување на оваа физичка активност се соочуваат со голем број здравствени проблеми, првично со зглобовите, понатаму со кожата на стапалта, како и подолгорочни проблеми со коските. Причината за тоа може да се најде и во современите обувки наменети токму за трчање, кои всушност со својот дизајн ги анулираат симптомите кои телото ги испраќа во случај да постапуваме погрешно и оптеретуваме извесен негов дел.
Па, како тоа Altra Torin IQ го решава проблемот?
Моделот на патики е опремен со сензори сместени под стапалото, односно во ѓонот на патиката, под петата, под предниот дел, и лево и десно. Сензорите имаат задача во вистинско време да го надгледуваат процесот на трчање и начинот на кој газите. Сето тоа е надополнето со аудио асистент кој посочува на грешки во вистинско време. По комплетирањето на делница, софтверот нуди приказ за „техниката“ на трчање, дистанцата, времето поминато во трчање и низа други важни информации.
Во секој случај, моделот на патики претставува пионер кога се мисли на паметни-патики, меѓутоа опциите кои ги нуди не се особено спектакуларни во однос на конкурентските спортски технологии кои станаа популарни во последно време. Што се однесува до цената, која се движи околу 220 американски долари, може да се каже дека не се ни малку пристапни, па дури и за купувачите од развиените земји.
Извор: TechCrunch