Скопје, 19 март 2026 година – Тивкото исчекување пред церемонијата на отворање на Олимписките Игри. Дневната соба која одеднаш ечи од овации по одлучувачкиот гол. Дождливо неделно попладне поминато во гледање филм со семејството, долго откако садот со пуканки е испразнет.
Со децении, телевизорите тивко сведочат на овие моменти , не само како уреди, туку како тивки придружници во секојдневниот живот.
За Самсунг (Samsung), тие заеднички искуства ја раскажуваат приказната за едно извонредно патување. Во 2026 година, компанијата одбележува 20 години по ред како глобален број 1 бренд за телевизори, позиција која ја држи уште од 2006 година. Според фирмата за истражување на пазарот „Омидиа“ (Omdia), „Samsung“ „држи“ 29,1% од глобалниот пазар на телевизори во 2025 година, што е одраз на две децении иновации и доверба од милиони домаќинства низ светот.
Но самите статистики не објаснуваат зошто телевизорите сè уште се важни или пак зошто приказната за телевизорите на „Samsung“ е всушност приказна за тоа како еволуираше самата телевизија.
Кога дневната соба станува сцена
Постоеше време кога телевизорите беа едноставно екрани. Беа тешки, честопати гломазни, а нивната улога беше едноставна: да пренесуваат слики од далечина. Но, како што еволуираше технологијата, телевизорот почна да се менува, станувајќи попривлечен, поубав и поповрзан со секојдневниот живот.
Патувањето на „Samsung“ кон врвот започна во 2006 година со телевизорот „Бордо“ (Bordeaux), модел чиј елегантен дизајн го предизвика верувањето дека телевизорите се само функционални уреди. Одеднаш, телевизорот стана предмет што луѓето со гордост го поставуваа во центарот на своите домови.
Токму оваа промена се покажа како само почеток.
Во 2009 година, „Samsung“ го забрза преминот кон LED телевизори, создавајќи потенки екрани и драматично подобрувајќи ја енергетската ефикасност. Само неколку години подоцна, паметните телевизори го проширија она што ТВ уредите можат да го направат, трансформирајќи ги од пасивни екрани во поврзани мултимедијални центри.
Стриминг платформите, апликациите и интерактивните услуги почнаа да го реобликуваат начинот на кој луѓето ги гледаа и откриваа содржините. Телевизорот веќе не беше само нешто што го гледате. Тој беше нешто со кое живеете.

Екран што стана дел од домот
Како што телевизорите стануваа понапредни, „Samsung“ почна да си поставува и едно поинакво прашање – што ако телевизорите можат беспрекорно да се вклопат во просторот каде што луѓето живеат?
Во 2015 година, ТВ уредот The Serif ги предизвика традиционалните очекувања, претворајќи го телевизорот во парче мебел, дизајнерски предмет исто онолку колку што е и екран.
Две години подоцна се појави The Frame, производ кој ги доближи границите помеѓу технологијата и уметноста. Кога не се користи, екранот може да прикажува познати уметнички дела или лични фотографии, трансформирајќи го телевизорот во дигитална галерија.
За многу домови, телевизорот веќе не беше црн правоаголник што доминира во собата. Наместо тоа, тој стана дел од самиот ентериер. Екран кој исчезнува кога не е потребен и оживува кога е.
Потрага по совршена слика
Во текот на изминатите две децении, „Samsung“ ги помести границите на квалитетот на сликата со серија иновации кои помогнаа да се дефинира категоријата на премиум телевизори.
Воведувањето на QLED телевизорите со „Quantum Dot“ технологијата (технологија со квантни точки) овозможи исклучителна светлина и прецизност на боите. Подоцна, 8K резолуцијата ги прошири можностите за детали со повеќе од 33 милиони пиксели.
Потоа се појави MICRO LED, револуционерна технологија изградена околу микроскопски самоемитувачки ЛЕД-диоди, способни да произведат извонредна светлина, контраст и прецизност на боите.
Целта не е едноставно да се создадат подобри спецификации. Целта е да се создаде искуство на гледање кое е толку природно и извонредно што самата технологија станува невидлива. Оваа 2026 година ќе биде клучна година за ТВ уредите на „Samsung“, при што Micro RGB и OLED ќе го предводат премиум сегментот; Mini LED ќе ја зголеми достапноста до премиум технологијата; а ултра-големите екрани дополнително ќе го подобрат извонредното забавно искуство во домот и надвор од него.

Телевизорот како дигитално огниште
Покрај подемот на паметните телефони и личните екрани, телевизорот останува еден од ретките уреди дизајнирани за заедничко користење. Телефонот е личен. Таблетот е пренослив. Но, телевизорот е колективен.
Семејствата се собираат околу него за време на големи светски спортски настани. Пријателите се собираат за заедно да уживаат во филмските вечери. Гејмерите со нетрпение ги следат последните секунди од решавачката партија.
Во „Samsung“, инженерите понекогаш го опишуваат телевизорот како „дигитално огниште“ – место каде што луѓето се собираат, исто како што некогаш се собирале околу пламенот за да споделуваат приказни. Можеби токму затоа телевизорот опстојува толку долго. Дури и кога технологијата се менува, потребата за споделување на моментите останува безвременска.
Дваесет години и следното поглавје
Да се биде водечки светски бренд за телевизори цели дваесет години е пресвртница што малку компании успеваат да ја постигнат. Сепак, за „Samsung“, ова достигнување не е толку гледање наназад, колку што е поглед кон иднината.
Телевизорите стануваат поголеми, посветли и поинтензивни. Вештачката интелигенција го трансформира начинот на кој содржината се оптимизира и доживува. Новите технологии на дисплеите редефинираат сè што еден екран може да направи.
А сепак, во центарот на сето тоа, останува истата едноставна идеја.
Еден екран.
Соба полна со луѓе.
Момент вреден за споделување.











































