Не е ретко да се постави прашањето за тоа дали Instagram како мрежа ги информира корисниците доколку направите слика од екранот додека сте на нивниот профил, пораки и било кои други објави.
Кратко кажано, не, Instagram не ги известува корисниците кога правите слика од екранот, но сепак има една ситуација кога истото се прави.
Доколку направите слика од екранот додека разговорот е ставен во режим на исчезнување, односно „vanish“, тогаш во самиот разговор ќе стои информацијата дека е направена таа активност.
Ова важи за било која содржина во таквиот разговор, а има и логика зошто е тоа така. Vanish режимот, кој се вклучува со повлекување нагоре во разговорот, е замислен да биде таен и се што е испратено исчезнува веднаш откако другата страна ќе ја прочита пораката.
За останатите ситуации, корисниците можат слободно да прават слика од што сакаат, па затоа и останува логичната препорака да се внимава што се објавува, а тоа посебно важи за важни лични информации. Секако, тука е и ризикот од правење слика со друг телефон, нешто што секако не може да биде спречено.