Како што се очекуваше, после две години доцнење, Apple вчера ја презентира втората генерација од Apple Intelligence која како што беше и официјално најавено пред неколку месеци, е развиена во соработка со Google и нивните Gemini јазични модели.
Оваа соработка стои и зад новата верзија од Siri, кој сега се нарекува Siri AI и доаѓа со целосно нов дизајн, конечно напредни способности и посебна апликација во која може да се видат сите разговори.
Иако имаше разни шпекулации, Apple истакнува дека во работата на Apple Intelligence и Siri AI не се користи истата технологија и инфраструктура која ја добиваат корисниците на Gemini и Android. Технологијата од Google е користена за тренирање и унапредување на Apple Foundation моделите, кои продолжуваат да бидат основата за Apple Intelligence.
Исто така, од компанијата повторно го истакнаа користењето на нивните Private Cloud Compute сервери, со што се продолжи тврдењето за ставање на приватноста на прво место. Сепак, со новата верзија од Apple Intelligence, Apple го проширува Private Cloud Compute и на серверите од Google, во соработка и со Nvidia. Што ова ќе значи за приватноста на податоците, ќе мора да почекаме да видиме.
Што се однесува до новите функции кои ги донесува Apple Intelligence тие се очекувани и целосно вградени во системите од Apple, како и во нивните апликации.
Се истакнуваат новите функции кои доаѓаат во Photos апликацијата и во стилот на Apple и претходните коментари на нивните директори, измените кои се достапни се замислени да ги подобрат сликите, а не целосно да ги изменат, за тоа тука е унапредената Image Playground апликација која сега може да направи „било што“.
Во Photos корисниците добиваат три алатки, од кои едната веќе беше достапна. Можноста за тргање на делови од сликите, односно „Clean Up“ функцијата сега треба да функционира добро како и на другите платформи, односно тргањето на деловите да биде направено добро, со реална замена на тој дел од сликата.
Двете нови функции во овој дел од Photos се „Spatial Reframing“, функција која овозможува менување на перспективата на сликата, односно може да се направи како таа да била сликана од друг агол. Фтората функција е „Extend“ и истата овозможува проширување на сликата, доколку објектот во истата е многу блиску, на пример.

Помош од Apple Intelligence добива и Safari со можноста за автоматско групирање на повеќе отворени „табови“, како и можноста за креирање на екстензии врз основа на барање корисникот, а тука е и можноста за следење на промена на одредена веб страна и праќање известување до корисникот.
Passwords апликацијата, покрај досегашното следење за слаби или компромитирани лозинки, сега ја добива можноста за автоматска промена на тие лозинки.

Со оглед на конечното средување на Image Playground, корисниците покрај во самата апликација, добиваат можност за генерирање на разни слики и во други делови. Тоа ќе се покаже како доста корисно на „заклучениот екран“, на пример, каде сега корисниците ќе можат да генерираат слики за позадината, како и за контакт картичката.
Унапредување добиваат и апликациите Shortcut, Apple Home, како и Phone апликацијата, а целата објава од Apple можете да ја погледнете тука.





































