Фото: РСБСП

По повод претстојниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места.

Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

РСБСП укажува:

  • Почитувајте ги ограничувањата на брзината.
  • Не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци.
  • Не користете мобилен телефон додека возите.
  • Користете сигурносен појас на секое патување.
  • Обезбедете ги децата во соодветно детско седиште.
  • Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични маневри.
  • Проверете ја техничката исправност на возилото пред патување.
  • Доколку сте уморни, направете пауза и одморете се.

Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома.

Вози одговорно. Секој живот е важен.