Фото: Startup Club Skopje

Македонија бележи историски напредок во најновиот StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026, искачувајќи се за осум позиции и достигнувајќи го 70. место во светот, со што е препознаена како најбрзорастечки стартап екосистем во Јужна Европа.

Според извештајот, земјата остварила 75% годишен раст на стартап екосистемот, што претставува највисока стапка на раст во регионот и шести најголем напредок меѓу првите 100 екосистеми на глобално ниво. Истовремено, Скопје за првпат влезе меѓу 500-те најдобри стартап градови во светот, пласирајќи се на 457. Место.

Особено значајно е што во официјалниот извештај на StartupBlink, каде што најважна пресвртници за развојот на македонскиот стартап екосистем во 2025 година е Startup Revolution AI Summit 2025, организиран од Startup Club Skopje.

Во делот посветен на клучните екосистемски достигнувања, StartupBlink го наведува фактот дека Startup Club Skopje е домаќин на Startup Revolution AI Summit 2025, препознавајќи го настанот како најзначајна иницијатива која придонесува за меѓународно поврзување на стартапите, инвеститорите, компаниите и иновациските организации.

Ова претставува едно од најголемите меѓународни признанија досега за Startup Club Skopje и за Startup Revolution AI Summit, кој во 2025 година обедини повеќе од 1.200 учесници од над 30 држави, вклучувајќи стартапи, инвеститори, фондови за ризичен капитал, технолошки компании, медиуми и лидери на стартап екосистеми од регионот и пошироко.

Дополнително, StartupBlink го вбројува Startup Club Skopje меѓу клучните организации што го градат македонскиот стартап екосистем, заедно со Фондот за иновации и технолошки развој, Startup Macedonia, Swiss Entrepreneurship Program и Business Accelerator UKIM.

Во извештајот е објавена и изјава од Сашо Јовановски, претседател на Startup Club Skopje, кој истакнува:

„Стартап екосистемот во Македонија се развива преку силна соработка во заедницата и нова генерација основачи со глобални амбиции. Со достапен талент, сè поголеми регионални и меѓународни поврзувања и брз развој на вештини поддржани од вештачката интелигенција, основачите имаат пристап до информации и алатки за побрз развој. Иницијативите предводени од заедницата, како Startup Club Skopje и Startup Revolution AI Summit, придонесуваат за поврзување на екосистемот со глобални можности и пристап до инвестиции.“

Препознавањето на Startup Revolution AI Summit како официјална пресвртница во извештајот на StartupBlink претставува потврда дека настаните создадени во Македонија можат да имаат регионално и глобално влијание. Истовремено, тоа е признание за долгогодишната работа на Startup Club Skopje во градењето на претприемачка култура, поддршка на основачите и создавање меѓународни можности за македонските стартапи.

Вклучувањето на Startup Revolution AI Summit 2025 во глобалниот извештај на StartupBlink е јасен сигнал дека Македонија повеќе не е само учесник во регионалната стартап приказна, туку станува препознатлив центар за иновации, технологија и вештачка интелигенција на Балканот и пошироко.