За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.
Зад секој негов резултат стојат огромна посветеност, љубопитност и желба за постојано надминување на сопствените граници. Неговата приказна одамна не е приказна за еден натпревар или една награда, туку за континуиран развој и за потенцијал кој од година во година добива нови можности да се покаже.
Приказната за Македон е потсетник дека на талентите им се потребни визија, посветеност, но и ветар во грбот кога ги освојуваат светските врвови. Во ова четиригодишно патување, Триглав Осигурување Живот е постојан сопатник на Македон, верувајќи во неговиот потенцијал уште од првите меѓународни медали. Поддршката што Триглав му ја дава на овој млад математички талент е влог во иднината и пример за тоа како домашните компании можат директно да придонесат за развојот на најсветлите млади умови.
Соработката започна пред четири години, во период кога Македон веќе ги правеше своите први значајни чекори на меѓународните натпревари. Оттогаш се сменија многу работи дојдоа нови предизвици, нови признанија и сè поголеми очекувања, но поддршката од Триглав Осигурување Живот остана константа на тој пат.
За Македон, секој следен натпревар е можност повторно да се измери со најдобрите, да научи нешто ново и да оди чекор понатаму. А токму во тие моменти се гледа вредноста на поддршката која не е врзана само за еден успех, туку го следи целиот пат до него.
По четири години заеднички успеси, соработката меѓу Триглав Осигурување Живот и Македон Димитровски продолжува со истата верба и посветеност. Затоа што вистинската поддршка не трае до следниот медал, туку го следи секој чекор на патот до него. А големите приказни се создаваат токму тогаш кога некој ќе препознае потенцијал, ќе поверува во него и ќе остане покрај него додека ги освојува врвовите.







































