Фото: Apple

На состанок со вработените, еден ден по објавата за напуштање на главната директорска позиција, Тим Кук им ги образложил своите причини за одлуката. Според објавата на Марк Гурман од Bloomberg, Кук навел три конкретни фактори.

Прво, финансиската состојба на компанијата е во одлична форма, што значи дека тргнувањето не се случува во момент на слабост. Второ, планот за производи во наредниот период е, според зборовите на самиот Кук, „неверојатен”. И трето, можеби и најважно, Џон Тернус сега е подготвен за улогата.

Последното е особено интересно бидејќи покажува дека сукцесијата не се случува импровизирано, туку по долгогодишна подготовка. 

Кук дополнително им соопштил на вработените дека е здрав и дека планира долго да остане во улогата на извршен претседател на одборот на директори. 

Јасно е дека компанијата сака да испрати порака за континуитет, Тернус ја презема позицијата на 1 септември, но Кук нема намера целосно да се повлече од Apple.