Фото: Виз Ер Скопски маратон

Секој голем резултат започнува со една одлука – одлуката да се направи првиот чекор. Токму затоа, сите кои сакаат да бидат дел од најголемиот спортски настан во земјата, Виз Ер Скопски маратон 2026, сега е вистинското време да се пријават и да ги започнат своите подготовки.

Следниот рок за пријавување со поволна котизација е 31 јули, а организаторите ги повикуваат сите љубители на трчањето да не чекаат последен момент, туку навреме да го обезбедат своето место на стартната линија за маратонот кој ќе се одржи на 4 октомври 2026 година.

Виз Ер Скопски маратон и оваа година ќе понуди можност за учество на илјадници професионални атлети, рекреативци, компании, спортски клубови и сите оние кои сакаат да го почувствуваат уникатниот дух на најголемата тркачка манифестација во Македонија. На програмата се маратонот, полумаратонот, трката „5 км Комерцијална банка“, штафетниот маратон „ЕУ за спорт“, Team Building трката за компании, а ќе се одржи и традиционалниот детски мини маратон.

Без разлика дали целта е истрчување на првиот маратон, поставување нов личен рекорд, рекреативно учество на 5 километри или градење тимски дух со колегите, Виз Ер Скопски маратон претставува можност секој да си постави личен предизвик и да стане дел од едно незаборавно спортско искуство. Од година во година, маратонот привлекува сè поголем број домашни и странски учесници, потврдувајќи ја својата позиција како еден од најзначајните спортски и туристички настани во регионот.

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да не го чекаат последниот рок за пријавување, туку навреме да ја обезбедат својата регистрација и да ги започнат подготовките за настап на 4 октомври. Искусните тркачи добро знаат дека успешниот резултат не се гради пред денот на трката, туку со месеци посветеност, дисциплина и континуирани тренинзи. 

Годинашната комуникациска порака „#ТрчањетоЌеТеПромени“ (#RunningWillChangeYou) ја пренесува суштината на маратонот – дека трчањето не е само спорт, туку начин на живот кој инспирира, мотивира и ги поместува личните граници. Секоја истрчана километарска делница претставува нова победа над сопствените ограничувања, а секој учесник е дел од заедница која ги слави истрајноста, дисциплината, заедништвото и здравите животни навики.