Microsoft одлучи привремено да ја откаже автоматската инсталација на нивната Microsoft 365 Copilot апликација, нешто што започна минатата година по најавата во септември.
Оваа автоматска инсталација се однесуваше на корисниците кои ги имаат инсталирано десктоп апликациите од „Office“ пакетот, односно Microsoft 365 пакетот, Word, Excel, PowerPoint и слични.
Паузирањето на оваа активност ја имаат забележано од Windows Latest, преку информација достапна на администраторската страна за Microsoft 365.
Причината за оваа одлука е повеќе од јасна, а тоа се огромниот број на критики кои ги добија од компанијата за целосното наметнување на вештачката интелигенција преку Copilot брендот, секаде каде што можат.
Copilot веќе се интегрира дури и во апликации како Notepad, апликација која беше толку едноставна и со конкретна намена за корисниците.
На интернет помеѓу голем дел од корисниците почна да станува популарен терминот „Microslop“, како начин да се истакне дека од компанијата имаат направено „slop“ од нивниот Windows 11.
Веќе можевме да прочитаме дека Microsoft се откажува од длабоката интеграција на Copilot во Windows 11, нешто што ќе продолжи посуптилно.











































