Во септември минатата година Google претстави десктоп апликација која им стана достапна на Windows корисниците преку Search Labs, програма која е ограничена во помал број на земји.
Оваа апликација сега станува достапна за сите корисници во светот, иако системот мора да е наместен на англиски за да може да се симне и користи.
Со Google за десктоп апликацијата корисниците ги добиваат Google Search функциите директно на нивниот компјутер во форма која овозможува доста полесно и побрзо пристапување до истите.
Како што директно тоа го промовираат од компанијата, до апликацијата се пристапува преку притискање на Alt + Space копчињата, по што се добива мала лента за пребарување.
Оваа лента потсетува на познатата Spotlight функцијата од macOS, а достапни се и други слични апликации, вклучително и преку PowerToys апликацијата од Microsoft и Command Palette функцијата.
Покрај класичното пребарување, Google апликацијата за десктоп овозможува и споделување на екранот за пребарување на тоа што е прикажано преку познатата Lens функција.
Тука е и ВИ режимот секако, па корисниците добиваат и брз пристап до Gemini на еден начин, односно одговорите помогнати од вештачката интелигенција.









































