Фото: X

X конечно ја пушти во употреба новата верзија на својата Android апликација, изградена целосно од нула. Развојот траеше речиси цела година и претставуваше еден од најголемите инженерски потфати во историјата на компанијата, според зборовите на Никита Биер, шефот на производи во X.

Android верзијата на X досега заостануваше значително зад iOS верзијата, а компанијата почна со преработката пред речиси една година. Новата апликација, која е изградена на Kotlin и Jetpack Compose, ветува подобрувања во вчитувањето, целосното функционирање и известувањата. 

На прашање во коментарите до „Grok“, асистентот потврди дека целото преработување е дело на инженерите, без директно вклучување на ВИ алатката во самиот процес. Ова е доста важно во време кога доста програмери, барем тие со помало искуство, почнаа целосно својата работа да ја темелат на вештачката интелигенција. 

Биер додаде дека новата основа ќе овозможи побрзо додавање нови функции во иднина, но сепак признава дека остануваат одредени нерешени детали, како на пример перформансите на постари Android уреди сè уште не се оптимизирани, а поддршката за „Spaces“, аудио функцијата на X, допрва треба да стигне. 

Проблемите со Android верзијата на X во минатото беа толку изразени што апликацијата на моменти не можеше ни да ги вчита објавите преку линкови.