Фото: fpt./ Џон Просер

Џон Просер го објави неговото најново видео, а иако тој поретко објавува, неговите видеа секогаш вреди да се гледаат. Точноста на објавените информации, најчесто за производите од Apple, може да се види и преку тужбата на Apple кон него за откривањето на „Liquid Glass“ дизајнот. 

Најновото видео, објавено преку неговиот YouTube канал „fpt.“, го носи насловот „Ова е iPhone 18 Pro | Прв Поглед“. Во него тој говори за наредната генерација од iPhone, која стандардно ќе биде претставена во септември, а оваа година наместо двата основни модели, се очекува претставувањето на првиот iPhone на преклоп

Целото видео, со оглед на тоа што дизајнот нема да има некои големи промени, е насочено кон главната новина која може да се очекува, а тоа е „променливата бленда“ кај главната камера. 

Се работи за навистина добра надградба на камерата, која сега ќе може „физички“ да се прилагодува на достапната светлина при сликање, наместо сликата да зависи во голем дел од софтверот во позадина. 

Целото видео можете да го погледнете во продолжение.