
Пред некое време пишувавме за технологијата на концентрирана сончева енергија, како и за градот Масдар кој треба да се напојува исклучиво од обновливи извори, паркинзи направени од сончеви панели како и сончеви панели кои се скоро невидливи. Технологијата базирана на искористување на Сонцето како огромен извор на енергија е во подем и се очекува во следните неколку децении заедно со другите обновливи извори да ги замени фосилните горива (секако, тоа ќе претпостави електрификација на многу сектори и индустрии како што е индустријата за автомобили). Ова предвидување веќе се остварува во САД.
Според најновите анализи на Дојче Банк во 2016 година се очекува енергијата базирана на Сонцето (вклучувајќи ја и концентрираната сончева енергија како и фотоволтаиците и другите видови) да стане поевтина од енергијата добиена од фосилните горива во дури 47 сојузни држави на САД. Ова предвидување ќе важи ако остане даночниот попуст од 30% кој денеска постои во САД. Но и да се намали на 10%, се претпоставува дека сончевата енергија ќе го постигне ценовниот и енергетскиот паритет во 36 сојузни држави за истото време – до 2016 година.
Сончевата енергија веќе има постигнато мрежен паритет во 10 сојузни држави кои се одговорни за 90% од производството на енергија од Сонцето во САД. Во овие држави се очекува инсталираните сончеви капацитети да се зголемат до 6 пати во следните 3 до 4 години.
Според Меѓународната енергетска агенција, Сончевата енергија можно е да доминира со изворите на енергија до 2050 година при што фотоволтаиците би произведувале 16% од светската електрична енергија, а централите на концентрирана сончева енергија 11%. Ова се очекува значително да го намали и загадувањето на воздухот и почвата предизвикано од согорувањата на фосилните горива.
Едноставно, очигледно е дека енергијата добиена од обновливи извори и особено од главниот извор на енергија на Земјата, Сонцето, е иднината која човештвото треба да ја преземе.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)































![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



