Претставувањето на првиот телефон на преклоп на Apple, моделот iPhone Duo, предизвика позитивен ефект врз продажбата на конкурентскиот уред Samsung Galaxy Z Fold8.
Според информациите објавени од корејскиот медиум The Chosun, продажбата на Galaxy Z Fold8 е зголемена за 10% по премиерата на новиот модел на Apple.
Овој пазарен тренд, според медиумот, се должи на пристапот на потрошувачите кои чекале да ги видат официјалните спецификации и цени на новиот конкурентски уред пред да донесат конечна одлука за купување.
Покрај пониската цена на Galaxy Z Fold8, како голем фактор се истакнува и неговата достапност, а веќе е познато дека iPhone Duo нема да биде баш масовно достапен и се очекува недостаток.
На тоа може да се додаде и помалата тежина на уредот од Samsung, како дополнителен фактор, а тој како и да е одлично се продаваше уште од самиот почеток, најверојатно најмногу и поради новиот формат.
Интересно е што веќе одреден период анализите најавуваат дека влезот на Apple на овој пазар ќе има позитивно влијание на него, односно и за другите. Иако се очекува дека Apple ќе земе доста голем дел од пазарот, очекувањата се дека тој генерално ќе заживее, што значи дека придобивки ќе видат и другите производители.
Кратко кажано, сега кога и Apple има уред на преклоп, овие уреди „наеднаш“ ќе станат доста интересни и привлечни, а секако дополнителен фактор е и тоа што тие конечно имаат доволно напредната технологија.


![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)






























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)





