Фото: Samsung

Во светот каде сите телефони на прв поглед изгледаат исто, вистинската разлика денес ја прави софтверот, брзината на AI и начинот на кој уредот ги решава секојдневните пречки. Со своите уреди, Samsung се бори против концептот „еден телефон за сите“ и нуди прецизно наменети паметни телефони согласно барањата на корисниците, од бескомпромисни супер-машини, до паметно оптимизирани модели за секој џеб.

Ако се размислуваш за „апгрејд“, еве како да го одбереш вистинскиот модел според тоа што навистина ти треба.

1. Galaxy S26 Ultra: За оние кои бараат чиста моќност и без компромиси

Ова не е само телефон, туку цела мобилна работна станица. S26 Ultra е креиран за хардкор корисници, креативци и луѓе кои го менаџираат целиот бизнис во движење:

  • Зајакнато Armor Aluminum куќиште: Конструкција што издржува сериозна динамика и темпо.
  • Брутална камера од 200 MP: Сензор кој извлекува максимум детали, поддржан со 8K видео и најдоброто ноќно снимање на пазарот.
  • S Pen и Snapdragon 8 Gen 5: Незаменлив за брзо скицирање, потпишување документи и бескомпромисен мултитаскинг без кочење.

2. Galaxy S26 и S26+: Совршен баланс меѓу премиум дизајн и димензии

Идеалната комбинација за сите што бараат топ перформанси, но претпочитаат полесен уред што совршено лежи во рака:

  • Galaxy S26 (Компактен крал): Супер-моќен систем спакуван во димензии совршени за ракување со една рака.
  • Galaxy S26+ (Повеќе екран, повеќе батерија): За оние што сакаат појака батерија и поголема површина за мултимедија, но во поелегантна форма од Ultra.
  • 120 Hz AMOLED 2X екран: Исклучително глатко скролање и осветленост што ги победува сите соларни услови надвор.

3. Galaxy S26 FE: Паметниот избор каде што добиваш сè, без да го празниш џебот

За младата публика и сите практични купувачи, Galaxy S26 FE (Fan Edition) ја нуди можеби најдобрата математика годинава:

  • Премиум адути за помалку пари: Ги добиваш истите клучни AI алатки, истиот топ AMOLED екран и IP68 водоотпорност како и кај браќата кои чинат повеќе.
  • Батерија за цел ден: Оптимизиран систем што гарантира целосна автономија без константно барање полнач.

Бегство од „Затворениот екосистем“: Преминот од друг оперативен систем никогаш не бил полесен

Фото: Samsung

Ако со години користиш уред со друг оперативен систем и се плашиш од хаосот со префрлање слики, шифри и контакти, можеш да дишеш мирно. Samsung го реши ова за помалку од 5 минути.

  1. Инстант QR миграција: Го скенираш кодот од стариот телефон и Smart Switch безжично префрла сè, од WhatsApp разговори и галерија, до календари и поставки.
  2. Не си сигурен? Скенирај и пробај со Try Galaxy: Не мора да купуваш на слепо. Преку бесплатната веб-апликација Try Galaxy, можеш да го претвориш екранот на твојот сегашен уред во Samsung One UI и лично да ги тестираш сите Galaxy AI алатки како Circle to Search или Live Translate за превод на повици во реално време.
Фото: Samsung

6 месеци Google AI Pro + 5 TB Cloud

Со купување на уред од S26 серијата, добиваш бесплатен 6-месечен пакет Google AI Pro. Ова значи директен пристап до најмоќните AI модели за текст, код и креатива, плус 5 TB cloud простор, доволно да го архивираш целиот дигитален живот во максимална резолуција.

Дали ќе го одбереш бескомпромисниот Ultra, елегантните S26/S26+ или паметно оптимизираниот S26 FE, изборот е твој. Но, со гратис 5 TB cloud простор, моментално ова е една од најдобрите технолошки понуди на пазарот.