Скопје, 9 јуни 2026 година – Чистењето со правосмукалка ретко е домашна обврска за која луѓето се натпреваруваат да ја завршат. Обично следува откако ќе се појават трошки, ќе се собере прашина во аглите или влакната од милениците некако ќе се најдат на секоја површина.
Тука на сцена стапува Samsung Bespoke AI Jet Ultra. Дизајнирана за вистински домови кои се динамични, раздвижени и никогаш не се совршено средени подолг временски период, оваа правосмукалка ги комбинира моќните перформанси, интелигентното чистење и премиум дизајнот за да го направи секојдневното чистење полесно, попаметно и можеби дури и малку позабавно.
Моќ што го прави чистењето задоволувачко
Bespoke AI Jet Ultra испорачува до 400W моќност на вшмукување, напојувана од моторот HexaJet на „Samsung“, што го прави секојдневното чистење навистина задоволувачко. Од трошки во кујната и прашина во аглите, до влакна од миленици кои некако завршуваат насекаде, оваа правосмукалка е дизајнирана да се справи со нередот од реалниот живот со леснотија и да ве држи во движење од една во друга просторија.
Она што ја прави уште попрактична за зафатените домови е траењето на батеријата. Со до 100 минути работа на минимален режим со една батерија, направена е за чистење на поголеми простори, без постојано запирање за полнење.
Паметно чистење за нередот од секојдневниот живот
Со режимот за чистење со вештачка интелигенција 2.0, правосмукалката може интелигентно да се приспособи на различни површини и средини за чистење, без да мора постојано да мислите на поставките. Без разлика дали се движи по различни видови теписи, тврди подови или тешки агли, таа автоматски ја приспособува ефикасноста за да го направи чистењето полесно.
Кога се користи со Active Dual четката, режимот за чистење со вештачка интелигенција 2.0 може да класифицира различни средини за чистење, притоа одржувајќи перформанси слични на средниот режим, но со подобрена ефикасност која помага да се намали потрошувачката на батерија и да се подобри маневрирањето. Во комбинација со Slim LED Brush+ четката,може уште подобро да ги досегне скриената прашина и аглите, помагајќи моментите „дали пропуштив некое место?” да бидат поретки.
За сопствениците на миленици, алатката Pet Tool+ помага во справувањето со тврдокорните влакна од миленици кои некако успеваат да се најдат на софите, теписите и облеката без разлика колку често чистите.
За домови со тврди подови, додатокот Spinning Sweeper го прави влажното чистење подеднакво лесно. Има двојни влажни подлоги кои ротираат брзо, со 260 вртежи во минута до 100 минути, овозможувајќи темелно да ги избришете тврдите подови. Опремен со лесен за одржување резервоар за вода од 150 мл, можете рачно да прскате дополнителна вода за да се справите со потешките дамки. Покрај тоа, ре-употребливите подлоги се изработени од антибактериски материјали, обезбедувајќи хигиенско чистење кое спречува наталожување на 99% од бактериите.
Чистењето исто така се доживува попаметно благодарение на Smart Wi-Fi поврзувањето преку апликацијата SmartThings, каде што корисниците можат да ги прилагодат поставките, да управуваат со функциите и дури да ги проверат препораките за одржување преку паметна само-дијагноза. Исто така, ги задржува корисните функции како известувањата за повик Call Alert, за да дојдовните повици или пораки не останат незабележани за време на чистењето.
Дури и средувањето по чистењето се доживува почисто
Сè-во-едно станицата за чистење го прави еден од најнеомилените делови од чистењето со правосмукалка поедноставен и похигиенски, со автоматско празнење на садот за прашина и полнење на правосмукалката. Надградената мултифункционална станица за чистење е дизајнирана да задржи 99,999% од ситните честички прашина додека го затвора капакот на садот за прашина по празнењето, помагајќи да се одржи процесот почист од почеток до крај.
„Samsung“ исто така се фокусираше на квалитетот на воздухот за време на чистењето. Благодарение на системот за HEPA филтрација, кој вклучува надграден филтер за ситен прав и дизајн со цврсто запечатување, правосмукалката помага да се намали ослободувањето на ситните честички прав назад во воздухот. Со други зборови, и самото чистење може да се доживее почисто, помагајќи да се одржи почист воздух во домот додека ја користите правосмукалката.

Пробајте, па одлучете
За оние кои сакаат да бидат 100% сигурни, „Samsung“ нуди и промоција “пробај и купи” од 100 дена за одбрани модели на правосмукалката Jet. Со промоцијата, можете да го пробате уредот дома и доколку не е соодветен, да го вратите во рок од 100 дена од купувањето. Промоцијата трае од 16 март до 31 декември 2026 година, или додека траат залихите.
Којзнае, со толку паметна правосмукалка, чистењето можеби ќе стане единствената домашна обврска што сите одеднаш ќе сакаат да ја прават.








































