Фото: Samsung

Лондон / Скопје, 22 јули 2026 година –  Компанијата „Самсунг“ („Samsung“) денес на настанот Galaxy Unpacked кој се одржа во Лондон, ги претстави своите интелигентни очила. Надградувани врз концептите најавени на последниот Google I/O, новите дизајни беа развиени во соработка со глобални брендови за очила, „Gentle Monster“ и „Warby Parker“. Паметните очила покажуваат како Galaxy екосистемот може да се движи подалеку од паметните телефони, во очилата кои ги поддржуваат дневните рутини, работата, патувањето и миговите без употреба на раце.

Што е ново?

  • Дизајнирани за секојдневна употреба, очилата комбинираат лесни рамки и тенок профил со потребната издржливост и удобност за секојдневно носење.
  • Развиени во соработка со „Gentle Monster“ и „Warby Parker“, очилата ја одразуваат стручноста на секој бренд во дизајнот, нудејќи низа стилови на рамки, бои и опции за стакла кои одговараат на различни преференции и начини на живот.

„Додека агентската вештачка интелигенција ги реобликува мобилните искуства, следниот чекор е да ги направиме тие искуства поинтуитивни и пореспонзивни на контекстот на секој корисник”, изјави Вон-Џун Чои (Won-Joon Choi), Главен оперативен директор на Бизнисот за мобилни искуства (MX) во „Samsung Electronics“. „Интелигентните очила создаваат нова точка на интеракција, внесувајќи поприродно персонализирана помош од вештачка интелигенција во моментите што го сочинуваат секојдневниот живот”.

Фото: Samsung

Зошто ова е важно?

Како што вештачката интелигенција влегува во агентската ера, прашањето повеќе не е само колку интелигентна станува, туку и каде и како таа интелигенција се среќава со луѓето. Паметните телефони остануваат во центарот на поврзаните искуства, додека уредите низ Galaxy екосистемот додаваат контекст на различните моменти од секојдневниот живот. Паметните очила го претставуваат токму тој следен чекор, приближувајќи ја вештачката интелигенција до луѓето додека тие се движат, работат, комуницираат и истражуваат, без да бараат секоја интеракција да започнува со екран.

Дизајнирани за овие мигови, паметните очила ја носат вештачката интелигенција директно во видното поле на корисникот, овозможувајќи навремени информации и асистенција, додека истовремено им дозволуваат да останат инволвирани со луѓето, местата и задачите пред нив. Јасните контроли и заштитни механизми поддржуваат одговорно и безбедно користење, додека пристапот без употреба на раце обезбедува помош на природен начин, без да се бара од корисниците да прекинат со тековната активност или да се свртат кон друг екран. 

Ново интелигентно искуство со очила

Дизајнирани за секојдневно носење, очилата комбинираат лесни рамки, тенок профил и батериски перформанс, нудејќи до девет часа со едно полнење и до седум дополнителни целосни полнења од куќиштето за полнење.  Вградената камера внесува визуелен контекст во искуството со вештачката интелигенција, додека платформата Snapdragon® AR1 Gen1 ги поддржува перформансите на вештачката интелигенција дизајнирана за асистенција во реално време, со интеракција на допир, поврзување, енергетска ефикасност и термичко управување, оптимизирани во компактната рамка на очилата.

Како безжичен додаток на Galaxy искуството, уредот им овозможува на корисниците да останат фокусирани на моментот. Изработени во партнерство со Google, тие го носат Gemini во познат облик на нослив уред, правејќи ја интеракцијата да изгледа поприродна, непосредна и интуитивна.

„’Google’ и ’Samsung’ имаат заедничка визија да донесат корисна интелигенција што е свесна за контекстот во секојдневниот живот”, изјави Самир Самат (Sameer Samat), Претседател на Android екосистемот во Google. „Изградени врз платформата Android XR, интелигентните очила спојуваат дизајни од светска класа со напредната асистенција на Gemini која природно реагира на она што го гледате, обезбедувајќи помош без употреба на раце во текот на целиот ден. Возбудени сме што ќе го продолжиме овој моментум и наскоро ќе го донесеме ова искуство до луѓето.”.

Клучните искуства опфаќаат:

  • Задржување на фокусот во моментот: Уредот може да помогне да се сумираат долги пораки, да ги чита клучните информации на глас, да поддржува превод во живо и да им овозможи на корисниците да го контролираат искуството преку едноставни интеракции со глас или гест преку поврзани уреди. 
  • Бележење на контекстот: Кога ќе се побара, очилата можат да го снимат она што го гледа корисникот, како што е бела табла или дискусија на состанок, да ги организираат клучните информации во Белешки (Notes) и да го олеснат нивното прегледување, споделување и следење подоцна.
  • Интеракција во реално време: Корисниците можат да побараат насоки врз основа на нивната локација, како што е пронаоѓање рута, поставување дестинација или разбирање што има околу нив, додека преводот во живо може да ја поддржи комуникацијата на друг јазик.
  • Помош прилагодена на контекстот: Уредот може да поддржи покорисни последователни интеракции со разбирање на тековниот контекст на корисникот и поврзување на релевантни информации низ задачите, помагајќи им на корисниците да продолжат таму каде што застанале со помалку повторувања.
  • Визуелно споделување во живо: Корисниците можат да го споделат она што го гледаат за време на повик или да ја снимаат сопствената перспектива, со што комуникацијата станува понепосредна, а рацете им остануваат слободни.

Поперсонализиран пристап кон очилата

Очилата се истовремено и функционален производ и изјава за личниот стил. „Samsung“ соработуваше со „Gentle Monster“ и „Warby Parker“ за да создаде интелигентни очила кои балансираат помеѓу промислен дизајн, удобност и секојдневна носивост. Со комбинирање на занаетчиската изработка на хардверот на „Samsung“ со препознатливиот пристап на дизајнот на секој бренд, соработката нуди поширок спектар на стилови кои одговараат на различни преференции, начини на живот и прилики.

На настанот „Unpacked“, „Samsung“ претстави два различни дизајни од „Gentle Monster“ и „Warby Parker“.

Изданието на „Gentle Monster“ се одликува со тенка црна рамка, која комбинира прав горен раб со нежно заоблени долни рабови за да создаде префинета и модерна силуета. Стилот на „Warby Parker“ се одликува со суптилно подигната линија во пределот на веѓите во богата кафеава нијанса, создавајќи префинета, разновидна форма совршена за секојдневни ситуации.

Во текот на процесот на дизајнирање, „Samsung“ тесно соработуваше со партнерите за очила за да ги усоврши клучните точки за прилегање, како што се челото и ушите. Овие сознанија помогнаа во обликувањето на конечните дизајни со подобрена удобност и секојдневна применливост. Потребите за прилагодување беа приспособени за секој модел, заедно со издржливоста и сигурните перформанси.