Фото: Samsung

Скопје, 20 јули 2026 година – Компанијата Самсунг („Samsung“) денес објави дека 34 сосема нови уметнички дела од колекцијата на Лувр (Louvre) за првпат се приклучуваат на Samsung Art Store, со што вкупно 51 ремек-дело од еден од најпознатите светски музеи станува достапно за корисниците на Samsung Art Store ширум светот. Колекцијата ја вклучува „Мона Лиза” на Леонардо да Винчи (Leonardo da Vinci), како и некои од најпознатите уметнички дела на Лувр, нудејќи им на корисниците невидена можност за пристап до векови уметност преку компатибилните телевизори Samsung Art TV.

Колекцијата ги содржи некои од најславните ремек-дела на Лувр, вклучувајќи ги „Слободата што го води народот“ од Ежен Делакроа (Eugène Delacroix), „Свадбената гозба во Кана“ од Паоло Веронезе (Paolo Veronese) и „Големата Одалиска“ од Жан-Огист-Доминик Енгр (Jean-Auguste-Dominique Ingres). Овие иконски дела се надополнети со слики од големи европски мајстори како што се Караваџо (Caravaggio) и Жак-Луј Давид (Jacques-Louis David), заедно со истакнати примери на француско неокласично и академско сликарство, вклучувајќи ги „Гркинки на фонтаната“ од Доминик Папети (Dominique Papety) и „Орфеј и Евридика“ од Никола Пусен (Nicolas Poussin), што претставува големо проширување на курираната дигитална галерија на „Samsung“.

„Лувр го претставува најдоброто од француското уметничко и културно наследство“, рече Гијом Ралт (Guillaume Rault), потпретседател за потрошувачка електроника во „Samsung Electronics“ во Франција. „Горди сме што ги носиме овие ремек-дела надвор од ѕидините на музејот и во домовите на милиони луѓе низ целиот свет преку нашите Samsung Art TV уреди.“

Фото: Samsung

Ова партнерство со Лувр дополнително го зајакнува растечкото портфолио на Samsung Art Store од водечки музеи и културни институции. Како еден од најпосетуваните музеи во светот, Лувр е дом на некои од најважните уметнички богатства во историјата, а со проширувањето на пристапот до оваа култна музејска колекција на Samsung Art Store, корисниците можат да откриваат и прикажуваат ремек-дела на компатибилни „Samsung“ телевизори и екрани.

Samsung Art Store им нуди на претплатниците пристап до курирана библиотека со уметнички дела од водечки музеи и уметници ширум светот. Достапна на Samsung Art TV уредите, услугата им овозможува на корисниците да откријат над 5.000 уметнички дела и да уживаат во музејската уметност од удобноста на својот дом.

Колекцијата Лувр сега е достапна глобално преку Samsung Art Store.