Perplexity објави нова можност за својот производ Personal Computer, со која софтверот сам ја проценува работата и решава кој дел од задачата може да се изврши локално на уредот, а кој бара поголема моќ и затоа оди кон агентите во „облакот“, односно на серверите од компанијата. Сето тоа се случува автоматски, дел по дел, без корисникот однапред да бира.
Тоа значи дека чувствителните информации, како финансиски записи, здравствени податоци или личните датотеки, можат да останат на самата машина, додека за барањата што навистина ги бараат најмоќните јазични модели сè уште се користи серверот.
Поради ова, истакнуваат од компанијата, се намалува и потребата од градење толку голема централизирана инфраструктура.
Можноста беше претставена на Computex, каде извршниот директор Аравинд Сринивас се појави заедно со шефот на Intel. Тој системот го спореди со „контролор на воздушен сообраќај” за задачите на вештачката интелигенција, а најави дека ќе почне да се пушта во јули, најпрво на Windows лаптопите.
Покрај соработката со Intel, новата можност на Personal Computer функционира и на Nvidia RTX Spark, за кој веќе пишувавме претходно.
Јасно е дека трката за локална компјутерска моќ допрва се загрева, а ваквите пристапи изгледаат како логичен правец како чиповите забрзано напредуваат.








































