Фото: DepositPhotos

Од денес, после 15 години Тим Кук веќе не е главниот директор на Apple. На негово место од денеска позицијата ја презема Џон Тернус, а тој е само вториот директор по Стив Џобџ, односно по неговото враќање во компанијата и нејзиното, кратко кажано, „спасување“. 

Тим Кук сепак не ја напушта компанијата и може да се каже дека ќе продолжи да биде доста ангажиран во нејзината работа, но од друга позиција. Кук преоѓа на позицијата Извршен претседател на одборот на директори, позиција од која тој ќе обезбедува стратешки насоки и ќе се фокусира на глобалните политики и односите со владите ширум светот.

Тоа значи дека тој ќе остане достапен да помага во областите во кои се покажа како доста успешен, а од Apple тој направи да стане една од највредните компании во светот. 

Џон Тернус од друга страна доаѓа од техничка позадина, па поради тоа од него се очекува дека ќе има нешто поразличен стил на водење на компанијата. 

Главните очекувања од него се дека ќе врати дел од стилот на работа кој беше карактеристичен за времето кога Стив Џобс ја водеше компанијата, време во кое Тернус работеше во Apple. 

Кога се говори за враќање на стилот од времето на Стив Џобс, се мисли на враќање на давањето значење на развојот и дизајнот на производите, а не само зголемување на профитот на компанијата. 

Дали Тернус навистина ќе воведе барем делумно такви промени, останува да видиме во годините што следат, години во кои тој ќе треба да одлучи и кои нови директори ќе ги назначи на клучните позиции кои ќе останат испразнети по пензионирањето на дел од нив. 

Идната недела Тернус ќе го има својот прв поголем настан како директор на Apple, односно традиционалниот септемвриски настан, на кого оваа година се очекува претставувањето на првиот iPhone на преклоп.