Фото: Apple

Денес е последниот ден на Тим Кук како главен извршен директор на Apple, а во историјата ќе замине како човекот кој ја наследи позиција од Стив Џобс и истото го направи доста успешно во наредните 15 години држејќи ја истата. 

Од утре, односно 1 септември, позицијата ја презема Џон Тернус, кој исто така одамна е во Apple, поточно од 2001 година, што значи дека е таму од времето на Џобс, нешто што за многумина е важна работа. 

Во својата најнова неделна објава, Марк Гурман пишува за што е тоа што ќе го чека Тернус по преземањето на позицијата, нешто што иако ќе стане фактор во наредните неколку години, сигурно ќе треба да се почне да се планира уште сега. 

Според Гурман, Тернус ќе мора наскоро да го промени својот менаџерски тим, а потребата за истото во главно може да се опише со возраста на дел од директорите. 

Менаџерскиот тим претрпе промени изминатите години со заминувањето на дел од директорите, како што беше на пример Џони Ајв, можеби едно од најпознатите лица на компанијата. 

Дел од директорите кои Гурман смета дека ќе треба да бидат „заменети“ во наредните неколку години вклучува важни имиња кои работат на доста важни позиции. 

Еден од нив е Џони Сруџи кој стои зад развојот на М1 чиповите, меѓу другото и за кого веќе можевме да прочитаме дека планирал да си замине, но сепак бил убеден да остане, а сега е и унапреден на позицијата главен на сите хардверски производи во Apple. 

По заминувањето на Сруџи, Гурман верува дека секторите под негово водство повторно ќе бидат поделени поради фактот што мали се шансите да се најде човек со неговото познавање и способност. 

Второ поголемо име кое исто така наскоро ќе треба да си замине е главниот на маркетинг Грек Џозвиак Џоз. Тој сега има 62 години, што значи дека наскоро може да се очекува да почне да го планира неговото излегување од компанијата. 

Гурман пишува за повеќе имиња во компанијата, но овие се истакнуваат како најпознати, а целата неговата објава, која сепак не е бесплатно достапна, можете да ја погледнете тука.