Фото: Diners Club

Во свет каде што финансиската транспарентност станува валута сама по себе, Diners Club Македонија го лансираше својот најнов производ кој ветува дека ќе го редефинира односот на потрошувачите кон кредитните картички. Diners One не е само нов пластичен  додаток во паричникот; тоа е стратешки одговор на потребите на новата генерација корисници кои бараат моќ без скриени трошоци.

Филозофијата е едноставна: Прва. Бесплатна. Засекогаш. Ако една алатка треба да ви го олесни животот, таа не смее да биде ваш фиксен трошок пред воопшто да ја искористите.

Со овој потег, Diners Club директно ги адресира најголемите бариери кај корисниците, а тоа е стравот од годишни трошоци и административни изненадувања.

Паметно купување на 3 рати

Покрај елиминирањето на членарината, Diners One воведува механизам за плаќање до 3 рати, овозможувајќи им на корисниците подобра контрола и менаџирање на буџетот без притоа да ја „испразнат“ својата дебитна сметка одеднаш. Оваа функција ја позиционира картичката како идеален „финансиски бафер“ за секојдневни планови.

Во време на глобална економска непредвидливост, слободата да се одлучува кога и како ќе се плати – без страв од скриени административни изненадувања е вистинската вредност. Diners One е дизајниран како „no-brainer“ опција за оние кои првпат влегуваат во светот на картичките, но и за искусните кои бараат поправеден модел

Нова ера на финансиска слобода

Со Diners One, Diners Club Македонија не само што лансира продукт, туку поставува нов стандард во индустријата. Картичката е дизајнирана за оние кои сакаат да ги остварат своите планови веднаш, со сигурност дека средствата им се достапни без дополнителни препреки.

За сите оние кои се подготвени да влезат во светот на картичките без страв, аплицирањето е веќе отворено на https://diners.mk/diners-club-one-kartichka/.