Фото: DepositPhotos

Веќе една недела Apple има нов директор, нешто што секако привлекува внимание кај оваа компанија. Џон Тернус е новиот директор на Apple, а Тим Кук ја презеде позицијата извршен претседател на одборот на директори. 

Веднаш може да се види дека Кук не планира да се повлече од активниот ангажман во Apple, па повеќето досегашни претседатели на одборот на директори обично држеа неизвршни позиции. 

Според најавите, Кук ќе продолжи да одржува односи со владите низ светот, ќе помага во тоа што беше најдобар, а тоа е договарање со компаниите соработници во процесот на производство и слично. 

На оваа тема пишува Марк Гурман во неговата најнова неделна објава, која е насловена како „Пакетот за надомест сличен како за главен директор на Тим Кук покажува дека тој не си оди никаде“. 

Промената на главната позиција во компанијата помина одлично, започнува Гурман, а посебно е избран и овој период за поставување на Тернус, време во кое ќе има доволно нови производи за да вниманието биде насочено кон него. 

Може да се каже дека ова е и првата „нормална“ промена на „власта“ во компанијата која претходните директори ги менуваше поради различни причини, а познато е дека Стив Џобс се тргна од здравствени причини, по што на неговото место порано од очекуваното дојде Тим Кук. 

Иако Гурман не сака да најави можни проблеми за новиот директор Џон Тернус, тој сепак пишува за влијанието на Кук и можноста на Тернус да го промени стилот на Apple според него, нешто за што сигурно ќе бидат потребни повеќе години. 

Гурман најавува дека Кук ќе биде доста важен во одредени области, како на пример соработката со „Белата Куќа“, како и со Пекинг, а тука е и справувањето со недостатокот на чипови за меморија. 

Како главен показател за тоа дека Кук ќе продолжи да биде доста ангажиран и дека ќе има големо влијание е надоместокот којшто ќе го добива во периодот што следи. Тој е нестандардно висок и е нешто помал од тој што го добиваше како директор, односно од надоместокот којшто ќе го добива Тернус. 

Во наредните година дена Кук ќе има плата од 2 милиони долари, што е за 1 милион помалку од платата на Тернус, односно од платата која ја имаше претходно како директор. 

На ова треба да се додадат и акциите кои во САД се стандарден дел од годишниот надоместок за директорите, па во случајот со Тернус тие треба да изнесуваат околу 55 милиони долари, сума која за Кук ќе изнесува 45 милиони долари. 

Овие акции се условени со успехот на Apple, па во случајот на Тернус „наградата“ е условена до 75%, додека во случајот на Кук со 50%, што условно може да доведе до тоа тој да заработи повеќе од Тернус, теоретски. 

За споредба, претходниот претседател на одборот на директори на компанијата, кој сепак не беше извршен, имал надомест од само 560.000 долари и тоа со вклучени акции и бонуси, па јасно е дека милионите кои Кук ќе продолжи да ги добива, не се само како награда за досегашната работа. 

За два дена, односно во среда на 9 септември, Apple го одржува својот традиционален септемвриски настан, кој ќе биде и првиот за Тернус како директор на компанијата. 

Главниот производ којшто се очекува да биде претставен, а сѐ уште е неофицијален, е првиот iPhone на преклоп кој се очекува да го носи името iPhone Ultra.