Global Macedonians ве кани на настанот „Startup Life: From Headaches to Headlines“, кој ќе се одржи на 30ти октомври со почеток во 18:00 часот во канцелариите на Сорсикс. Настанот ќе отвори искрен разговор за тоа што навистина е потребно за да се изгради, развие, финансира и успешно продаде стартап, низ искуствата на основачи и инвеститори.
За настанот
Од идеја до наслови: Основачи и инвеститори ја раскажуваат вистинската приказна за стартапите
Зад секоја успешна стартап приказна стои пат полн со предизвици: непроспиени ноќи, одбиени презентации, несогласувања и неочекувани промени на насоката. Насловите го пренесуваат успехот, но ретко сè што се случило пред тоа. Овој настан е посветен токму на тој дел од приказната.
На панелот ќе учествуваат Тошо Трајанов (основач на Адева-сега Toptal), Ели Жабевска (Principal во South Central Ventures) и Никола Серафимовски (Management & Growth Consultant). По дискусијата следуваат прашања од публиката и неформално дружење за вмрежување.
Настанот е наменет за основачи на стартапи во сите фази, идни претприемачи, вработени во стартапи, ангел инвеститори и сите заинтересирани за стартап екосистемот.
Учеството бара претходна регистрација, а бројот на места е ограничен. Резервирајте го своето место ОВДЕ.






































