Скопје, 26 ноември 2026 година – Над 160 технолошки лидери, ИТ-директори, AI експерти и претставници на бизнис-заедницата учествуваа на Tech Conference 2026: Shaping the Era of Agentic AI, што се одржа на 25 ноември во хотелот „Скопје Мериот“, во организација на Семос Едукација и CTO Professionals Club Macedonia.
Конференцијата обедини меѓународни и регионални експерти од Microsoft, G+D Netcetera, Raiffeisen Tech Kosovo, Стопанска Банка, NVIDIA екосистемот и други водечки компании, кои ги претставија најновите трендови, практични примени и предизвици на автономните AI агенти и нивното влијание врз иднината на бизнисот.
„Вештачката интелигенција повеќе не служи само за да одговара на нашите прашања. AI агентите веќе можат да донесуваат одлуки и да преземаат активности во реални деловни процеси. Но, вистинската трансформација бара повеќе од технологија. Таа бара знаење, нови вештини и лидерство што ќе ја претворат AI во реална деловна вредност“, истакна Валентина Тасева, CEO на Семос Едукација.
Преку експертски предавања и практични демонстрации, учесниците имаа можност да се запознаат со концептот Agentic Enterprise, примената на Microsoft Copilot Studio, NVIDIA AI моделите и трансформацијата на деловните процеси со помош на вештачката интелигенција.
Посебен интерес предизвика панел-дискусијата „What CTOs Must Deliver in 2027“, на која технолошки лидери од Стопанска банка, Imperial Brands, EVN Group и Raiffeisen Tech Kosovo дискутираа за новите приоритети на CTO лидерите, управувањето со AI ризиците и стратешката улога на технологијата во создавањето деловна вредност.
Настанот го одбележа и првиот роденден на CTO Professionals Club Macedonia, кој за една година обедини 34 компании, поврза над 50 технолошки лидери и организираше седум настани. За 2027 година клубот најави проширување на членството и нови иницијативи за професионално поврзување и размена на знаења.
Tech Conference 2026 испрати јасна порака: иднината на бизнисот не зависи само од усвојувањето на вештачката интелигенција, туку од способноста таа да се претвори во реална деловна вредност.
Со овој настан, Семос Едукација и CTO Professionals Club Macedonia ја потврдија својата посветеност на поврзувањето на технолошката и бизнис-заедницата и забрзувањето на AI трансформацијата во регионот.
Повеќе информации за настанот: https://ctoclub.semoseducation.com/events.html.





































