Идната година Apple ќе ја одбележи дваесетгодишнината од претставувањето на нивниот прв „смартфон“, односно од претставувањето на првиот iPhone кој дефинитивно може да се каже дека целосно го промени овој пазар.
Веќе одреден период може да се прочита дека за овој јубилеј Apple ќе претстави посебна верзија од iPhone, која во промените ќе потсетува на iPhone X, односно на тој од десетгодишнината.
Може да се каже дека десет години подоцна Apple ја продолжува започнатата работа со iPhone X, па iPhone 20 треба да дојде без воопшто рамки или било каква други елементи на предниот дел.
Интересно е што овој период можевме да прочитаме прво дека од компанијата го откажале овој дизајн, за подоцна да прочитаме дека сепак е забележан во „синџирот на снабдување“.
Како и да е, Џон Просер, кој веќе има објавено видео за дизајнот на iPhone 20, повторно излезе со ново видео во кое советува корисниците да почекаат до идната година за да го купат овој телефон, а слободно можат да го прескокнат iPhone 18 Pro.
Според Просер, iPhone 20 ќе го врати чувството на луксуз, нешто што со години е изгубено.
Видеото можете да го погледнете во продолжение.






































