Покрај тековната тужба со која се соочува Џон Просер од Apple, за предвременото откривање на Liquid Glass дизајнот, тој продолжува да објавува одлични видеа кои ни ги прикажуваат можните идни производи од компанијата.
Најновото видео од Просер го прикажува изгледот на сѐ уште неофицијалниот јубилеен iPhone, кој засега се очекува дека ќе го носи името iPhone 20, поради 20 годишнината од претставувањето на првиот телефон од Apple.
Видеото може да се каже дека ги сумира сите досегашни гласини за овој телефон, а главната е скоро целосното тргање на рамките околу екранот, како и поставувањето на камерата и Face ID сензорот под екранот.
Со тоа iPhone 20 треба да добие доста уникатен изглед, кој конечно ќе донесе логика зад Liquid Glass дизајнот, односно се верува дека овој дизајн е направен да оди заедно со целосниот редизајн на iPhone.
Просер во видеото покрај за изгледот, говори и за екранот, перформансите, како и камерите кај iPhone 20, а истото можете да го погледнете во продолжение.







































