Nokia-230_Nokia-230-Dual-SIM_featured-1024x496

Ве чуди тоа што Nokia и натаму продава паметни телефони? Ќе објасниме – телефоните не ги произведува Nokia, туку Microsoft, кој откако го купи финскиот гигант, беше обврзан да ги продава овие телефони до почетокот на 2016 година. А Nokia 230 е веројатно најдобриот модел досега.

Телефонот има мал дисплеј за денешни стандарди, но прилично голем со оглед на тоа што има и алфанумеричка тастатура – 2,8 инчи во дијагонала, со 240х320 пиксели резолуција. Да, сигурно ќе изгледа пикселизирано, но за повисоки резолуции ќе треба секако да се заплива во смартфон светот. А, да, екранот работи и на допир, што е секако добредојдено.

Многу голем адут на Nokia 230 се камерите – и двете се подеднакви, со 2 MP резолуција и блицови, што значи дека со овој модел ќе можете да си го осветлите образот кога ќе се сликате селфи со предната камера и навечер, што го немаат многу смартфони кои се 10-тина пати поскапи. Останатите спецификации не се вредни за споменување и Microsoft дури и не ги споменува во презентациите, а еве еден пример зошто – 230-ката има само 16 MB рам меморија.

nokia-230-

Сепак, доколку слушате многу музика, телефонот барем има слот за micro SD картичка до 32 GB и вградено FM радио, што го прави одличен „втор“ телефон. Вградениот софтвер е Series 30+ на Nokia, со неколку инсталирани апликации како Facebook, Twitter, Bing Search, Opera Mini и MSN Weather. Батеријата има капацитет од 1.200 mAh, што е сигурно доволно за траење неколку дена, како и сите други традиционални Nokia телефони.

Она што Nokia 230 го дистанцира од евтините телефони е задниот капак кој е изработен од алуминиум, нешто што мора да се забележи, недостасува дури и кај новите Lumia 950 и Lumia 950 XL на Microsoft. Телефонот е инаку достапен и во dual SIM варијанта и поддржува GSM 900/1800 Mhz фреквенции. За оние кои сакаат да „дремат“ на телефонот на интернет, за жал, Nokia 230 нема Wi-Fi конекција.

Цената на Nokia 230 почнува од 55 долари за моделот со можност за една SIM картичка.

Извор: Venture Beat, GSMArena, Windows Central

Претходна статијаНоемвриската надградба на Windows 10 повторно достапна преку Media Creation Tool
Следна статијаТинејџерите не можат да распознаат реклами од вистински Google пребарувања