Фото: REDMAGIC

Кинескиот производител REDMAGIC, прво за домашниот пазар, па сега и за остатокот од светот, го претстави првиот телефон кој доаѓа со систем за ладење со течност. 

Гејминг телефонот REDMAGIC 11 Pro доаѓа со повеќе карактеристики кои го прават еден од најдобрите на пазарот, а посебно кога е во прашање можноста за играње на игри, односно користење на апликации кои бараат подолго издржување на перформансите. 

Главната карактеристика на REDMAGIC 11 Pro е системот за ладење кој вклучува и ладење со течност. Овој систем е наречен AquaCore и дури е направено да може да се гледа од задната страна кај моделите кои се проѕирни во тој дел. 

Покрај овој систем, за ладење на уредот е вградена од доста голема комора за испарување, слој со течен метал, како и вентилаторче со 24.000 rpm. 

Сето ова треба да овозможи доста голем процент на искористување на чиповите на кои работи REDMAGIC 11 Pro, а на страната од телефонот од компанијата прават споредба со iPhone 17 Pro серијата, која секако ја победуваат. 

Сето ова не би било потребно доколку телефонот не доаѓаше со најновото и најдоброто на пазарот, па REDMAGIC 11 Pro доаѓа со Snapdragon 8 Elite Gen 5, како и нивниот RedCore R4 чип кој е тука да му помогне на графичкиот процесор за подобра резолуција, „frame interpolation“ и слично. 

Меморијата кај телефонот е LPDDR5T и може да се избере помеѓу 12GB, 16GB и 24GB RAM, како и до 1TB UFS 4.1 Pro простор за податоци. 

Батеријата очекувано за кинески производител е огромна, па доаѓа со капацитет од 7.500 mAh и може да се полни со 80 вати полнач, вклучувајќи и безжично полнење. 

Екранот кај REDMAGIC 11 Pro е со големина од 6,85 инчи и има стапка на освежувањ од 144 херци, очекувано за телефон кој треба да е за играње игри. Технологијата е AMOLED, а под истата е поставена предната камера која не се гледа и има 16 мегапиксели. 

На задната страна има три камери со 50, 50 и 2 мегапиксели, а доколку сакате да ги видите сите карактеристики на телефонот, тоа може да го направите тука.