Скопје, 15 април 2025 г. – Samsung Electronics со гордост го најавува лансирањето на својата најнова линија на паметни апарати за домаќинство, дизајнирани да донесат удобност, ефикасност и иновација во секојдневниот живот. Потврдувајќи ја својата визија „Екрани насекаде“, прв во линијата е 21.5 инчниот Family Hub фрижидер, кој претставува совршен спој на технологија и функционалност, овозможувајќи им на корисниците не само ефикасно ладење и складирање на намирниците, туку и управување со домот, поврзување со семејството и уживање во забавата – директно од фрижидерот.

Следен апарат во линијата е серијата Bespoke AI машини за перење – која вклучува Комбо, машина за перење и машина за сушење, сите со 7-инчен AI Home екран – и носи врвна вештачка интелигенција за поедноставување на рутините при перење. Серијата се одликува со интелигентно препознавање на количината на облека, оптимизирана потрошувачка на енергија и кориснички интерфејс што се прилагодува на индивидуалните навики.
Линијата на апарати се заокружува со Bespoke AI Jet Ultra – најмоќната безжична stick правосмукалка. Со извонредна сила на вшмукување, напреден систем за филтрација и елегантен дизајн, таа беспрекорно искуство во чистењето – идеално за современиот дом.

Овие иновативни производи веќе се достапни за купување во Македонија кај избрани малопродажни партнери и онлајн. За информации за цени и достапност, посетете ја страницата Samsung.com или овластените продажни места и трансформирајте го вашиот дом уште денес.