Скопје, 2 февруари 2026 година – Компанијата „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) денес најави дека својата линија на OLED телевизори и новата генерација на Odyssey гејминг монитори за 2026 година се компатибилни со NVIDIA G-SYNC, овозможувајќи поглатко играње, за да се задоволат потребите на гејмерите и ентузијастите за врвни екрани.
NVIDIA G-SYNC технологијата овозможува стапката на освежување на екранот да се синхронизира со бројот на кадри (frame rate) на графичкиот процесор NVIDIA GeForce, намалувајќи ги дисторзиите и „сецкањето“ на сликата за беспрекорно визуелно искуство. Во моделите кои се G-SYNC компатибилни спаѓаат телевизорите OLED S95H, S90H и S85H, како и новите Odyssey G6 (G60H, G61SH) гејминг монитори.
„Нашата цел е едноставна: да овозможиме конзистентно одлично гејминг искуство, без оглед на тоа што играте или каде играте.“ – изјави Кевин Ли (Kevin Lee), Извршен Потпретседател на бизнисот за Визуелни Дисплеи (Visual Display) во Samsung Electronics. „Со новите иновации кај OLED телевизорите и гејминг мониторите, носиме повеќе моќ, прецизност и извонредност за секој тип на играч.“

Поместување на границите на брзината со Odyssey G6
27-инчниот Odyssey G6 (модел G60H) поставува нов стандард за конкурентно играње игри како прв монитор што постигнува стапка на освежување од 1.040Hz, овозможена преку Dual Mode. Оваа функција им овозможува на играчите да бираат помеѓу ултра-високи стапки на кадри во HD резолуција и вообичаен QHD перформанс до 600Hz, нудејќи ја јасноста и брзината потребни за динамични игри каде прецизноста е клучна.
За играчите кои им даваат приоритет на кинематографските визуелни ефекти, моделот Odyssey G6 (G61SH) поседува QD-OLED панел со QHD резолуција и стапка на освежување од 240Hz, со богат контраст и живописни бои. Со време на одговор од 0.03ms GTG и HDR10+ GAMING, овој монитор е идеален за оние кои сакаат извонредни визуелни прикази без жртвување на брзината.
Двата екрани се компатибилни со NVIDIA G-SYNC, овозможувајќи поглатко искуство при играњето без дисторзии на сликата, без разлика дали приоритет на играчите е екстремната стапка на кадри, високата резолуција, или пак двете.
OLED гејминг од следната генерација со кинематографски квалитет
OLED телевизорите на Samsung за 2026 година се создадени за гејминг со високи перформанси. Моделите S95H и S90H поддржуваат освежување до 165Hz, додека S85H поддржува до 120Hz. Покрај тоа што се G-SYNC компатибилни, новата линија исто така поддржува и AMD FreeSync Premium Pro за стабилни HDR перформанси при играње на компјутери и платформи со конзоли.
Овогодинешната OLED линија го претставува и HDR10+ ADVANCED, формат кој ја подобрува осветленоста, контрастот и прецизноста на боите. За оптимално гледање, кај S95H и S90H е применета и Glare Free технологијата на Samsung која ги редуцира рефлексиите без да го компромитира квалитетот на OLED сликата.
За повеќе информации, посетете ја www.samsung.com/mk/.










































